Објавена е листата на најдобрите земји во светот за воспитување на децата и скандинавските земји доминираат на врвот на оваа ранг-листа, Данска, Шведска и Норвешка се на првото, второто и третото место.
Данска е најдобро место за создавање семејство заради нејзините „дарежливи политики за породилно отсуство на мајките и татковците“, како и заради бесплатната здравствена заштита и образование.
Исто така, Данска и Шведска се опишуваат како „држави прјателски прентирани кон семејствата кои имаат силни програми за социјална заштита и ниска стапка на криминал.
На оваа листа се рангирани вкупно 73 земји кои се рангирани врз основа на неколку критериуми, од безбедност, здравствен и образовен систем до еднаквост на приходите и други. Од нашите соседни земји, Хрватска на оваа листа се најде на 24.место, Словенија на 31., Бугарија на 41., Србија на 62., а Македонија воопшто и не фигурира таму.
За најлоша држава ја прогласиле Казахстан.
Топ 10 најдобри земји за одгледување деца се:
1. Данска
2. Шведска
3. Норвешка
4. Канада
5. Холандија
6. Финска
7. Швајцарија
8. Нов Зеланд
9. Австралија
10. Австрија
10 Најлоши држави за воспитување деца се:
1. Казахстан
2. Либанон
3. Гватемала
4. Мианмар
5. Oман
6. ЈОрдан
7. Саудиска Арабија
8. Азербејџан
9. Тунис
10. Виетнам
Целата листа може да ја видите ТУКА.
Фото: Pixabey