Дали 13 години се премалку за пластична операција?

Приказната за 13-годишното девојче кое го оперирало носот откако ја малтретирале на интернет и во училиште го поставува прашањето: Колку години е премалку за пластични операции?

0
601

Неодамна на телевизиската програма на ABC Nightline прикажана е приказната за Николет Тејлор од Лонг Ајленд во Њујорк, која го оперирала носот само неколку недели откако завршила седмо одделение.

Девојчето кое претходно било детски модел, два пати го скршило носот. Иако веднаш ќе се согласиме дека малтретирањето на врсниците во форма на задевање е погрешно, се прашуваме што е со пластичните операции на 13-годишниците? Дали е тоа во ред?

Го пренесуваме интервјуто со д-р Семир Бајати, американски пластичен хирург за локалниот калифорниски весник The Orange County Register.

Генерално, колку години се премалку за операција на носот?

Развојот на лицето, особено на носот, не е готов до 15.година од животот за девојчиња и 17.за момчиња. Хируршките корекцииво период помлад од овој можат да резултираат со деформитети и потреба за нови операции подоцна, па генерално, не се препорачуваат.

Зарем со 13 години цртите на лицето сѐ уште не се развиени?

Секако. Освен ушите кои не се менуваат после 6.година, поради што обликувањето може да се прави доста рано. Освен корекции на вродени или трауматски деформитети кои се сметаат за медицинска потреба за форма или функција, естетски операции на лицето не би требало да с еизведуваат додека лицето не престане да се развива. Исто така, поради развојот на личноста и идентитетот во текот на тие критични тинејџерски години, прерано направените корекции на лицето можат да имаат многу штетни последици.

Дали некогаш ве контактирале семејства кои сакале пластични операции за деца за кои вие сте сметале дека се премлади. Дали сте ги одбиле?

Да, се случувало да дојдат мајки со ќерките тинејџерки кои сакаат „цел пакет“ – зголемување на градите и липосукција.

Orange County e, секако, единствен пазар кога станува збор за обемот на козметиките операции. Ни доаѓаат навивачки-тинејџерки со родителите и бараат липосукција на „проблематичните подрачја“ како што се стомакот или струкот.

Од принцип не правам зголемување на гради на пациентки помлади од 18 години. Сметам дека тука постои за зрелост и одговорност која доаѓа со годините а оваа операција вклучува уред кој бара одржувањње и ризици за кои може да биде свесна само возрасна личност.

Што се однесува до липосукцијата на одредени проблематични подрачја, кога постои генетска доспропорција на телото, такво контурирање на тело работам на девојчиња постари од 15 и момчиња над 17 години.

Живееме во заедница на плажа во средина која големо внимание му придава на телото, а проблематичните подрачја кои се отпорни на диети и на вежби можат да предизвикаат секојдневни психолошки проблеми во оваа старосна група. Немаме секогаш контрола над својот облик или генетика. Помали корекции во критичниот период кои нема да влијаат на општото долгорочно здравје можат да го сменат животот и да делуваат мотивирачки на младите луѓе.

Меѓутоа, исклучително е важно добро да се одберат кандидати. Овие операции не се замена за здравата исхрана и активниот стил на живот и се советуваат само како додаток на овие навики.

Од принцип одбивам дебели адолесценти кои доаѓаат со родителите и бараат липосукција. Сметам дека диетата и вежбите се примарен стил на живот, а дека липосукцијата треба да се остави само за проблематичните подрачја кои опстојуваат наспроти здравиот стил на живот.

Уште едно проблематично подрачје е кога на младите девојки нагло и доспропорционално ќе им пораснат гради кои им пречат во активностите и предизвикуваат болка во вратот и во грбот.

Намалување на градите им се советува на вакви девојки постари од 15 години и не се смета за козметичка операција.

Колку години имал најмладиот пациент на кој сте му правеле пластична операција?

Им имам правено липосукција на 15.годишни девојчиња кои беа слаби, но со огромен задник или доста наслаги на струкот и колковите и операција на нос на 17.годишници. Иако обликувањето на ушите не е медицински неопходно, сум ја изведувал оваа операција неброено пати на деца кои ги задевале други деца.

Тие деца имаат психолошки трауми од задевањата и исмевањата. Бидејќи ушите во целост нараснуваат до 6.годинаоперацијата е целосно прифатлива на таа возраст, а се препорачува за да се избегнат долгорочни психолошки проблеми.

[better-ads type='banner' banner='999' ]