Копањето на носот и јадењето на содржината го јакне имунитетот благодарение на добрите бактерии во слузот. Исто така, таа слуз се лепи за забите и така заштитува од кариес. Оваа навика би можела да биде добра одбрана од респираторните инфекции, од појавата на чиреви на желудник, па дури и од ХИВ, стои во студијата на научниците ид Универзитетот Харвард и Институтот за технологија од Масачусетс во САД.
Но британските научници тврдат дека пнеумококот, кој предизвикува бактериско воспаление на белите дробови кое може да биде смртоносно ако не се лекува, освен преку воздух, може да се пренесе и со рацете.
Во студијата чии резултати се објавени во списанието European Respiratory, на група возрасни волонтери им бил растриен пнеумок по дланките. Потоа добиле непријатна задача да повторуваат неколку најчести активности, а станува збор за секојдневно допирање, триење или копање на носот.
„Оваа студија покажала дека бактериите можат да се шират и со рацете, а дури и предметите како што се мобилчниот телефон или детските играчки, можат да придонесат за нивното ширење“, изјавила британската научничка Викториа Конор.
На глобално ниво, воспалението на белите дробови секоја година усмртува околу 1,3 милиони деца помлади од пет години.
Иако е истражувањето спроведено на возрасни, Конор наведува дека резултатите од студијата се усмерени првенствено кон родителите на помладите деца.
„Можеби не е реално да се спречат децата да го чепкаат носот или да го тријат подрачјето на носот, но советот до родителите е – редовна и добра хигиена на рацете, како и чистење и миење на играчките и на другите површини би можеле да го намалат ширењето на бактериите, како и ризикот од развој на пнеумококна инфекција каква што е воспалението на белите дробови“, изјавила Конор.
[better-ads type='banner' banner='999' ]