Дали треба да доите и во време на пандемијата?

Многу мајки се прашуваат дали е безбедно да ги дојат своите бебиња за време на пандемијата на вирусот КОВИД-19. Американските педијатри им советуваат да продолжат.

0
280

Досегашните студии не покажале дека постои ризик од пренесување на вирусот преку мајчиното млеко. Ако мајките се одвоени од своите бебиња затоа што се болни, треба да го издојуваат млекото и да продолжат да му го даваат на бебето.

Мајчиното млеко обезбедува и хранливи материи и заштита. Ако мајката била изложена на вирусот или тој се наоѓа во нивната крв, телото ќе почне да создава единствени антитела кои преку млекото ќе се пренесат на новороденчето.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]