Дали сте слушнале за трговијата со мајчино млеко преку интернет?

Купувањето мајчино млеко преку интернет денеска е многу актуелна тема и има свои приврзаници и противници. Купувачи не се само мајки кои самите не можат или одлучиле да не ги дојат своите деца, туку и бодибилдери и други спортисти, но и болни од рак. Што мислите вие за ова?

0
256

Во 2015.година светот слушна за Bonju bar, зафрлен во еден дел од Токио кој туристичките водачи го опишуваат како „сомнителен“. Локалот нуди млеко од човечко потекло, па е можно да се нарача чаша чисто мајчино млеко за 15-тина долари, а велат, постои можност клиентите да ја земат својата доза директно од изворот – односно, од брадавиците на една од трите доилки.

Секако, консумирањето на хумано млеко – кога станува збор за консумирање од страна на возрасни лица – повлекува бројни етички, но и економски прашања. На многу локации (на пример, во Франција) законот го забранува ова. Сепак, повремено се појавуваат приказни за спортисти кои набавуваат млеко од човечко потекло на сите возможни и невозможни начини за да ги залечат спортските повреди.

Во последно време некои салони за убавина нудат третмани на лицето со мајчино млеко. Тврдат дека тоа влијае кожата да биде здрава и блескава, дека лекува егзема и акни и е лековито за кожата. Но тоа не е сѐ, го консумираат и бодибилдери, за формирање на мускулите како и сите оние кои сакаат да го подобрат системот за имунитет или да излекуваат некоја многу сериозна болест. Имено, според лабораториските истражувања на шведските научници од Универзитетот во Лунд, состојката од мајчиното млеко наречена Хамлет уништува канцерогени клетки, а здравите клетки остануваат недопрени. Научниците веруваат дека споменатата состојка од мајчиното млеко би можела да помогне и во борбата против рак на дебело црево и рак на грлото на матката.

Се разбира, тука се и мајките кои не можат или одлучиле да не ги дојат своите деца поради најразлични причини, а бидејќи секој родител го сака најдброто за своето дете, во светот се појави ова тргување со мајчиното млеко – преку интернет.

Да му се дава мајчино млеко од потполна туѓинка на своето дете на некои им изгледа како страшна идеја. Но со оглед на тоа што оваа трговија функционира, очигледно многумина не мислат така и сметаат дека ова млеко е сепак подобро од индустриската храна за бебиња.

Истражувањата покажале дека ова млеко кое се наоѓа во онлајн продажба, е често заразено, нечисто. Потеклото не е проверено и не можете да бидете сигурни какво млеко добивате. Значи, ризикот е голем.

Сепак, голем е бројот на родители кои се свесни колку е мајчиното млеко важно за развојот на детето и за неговиот имунитет. Многу мајки не се во можност да ги дојат своите деца – на пример, ако е детето посвоено, ако имале мастектомија или едноставно, немаат доволно млеко за детете. Тие очајнички се вртат кон сомнителните сајтови за продажба на мајчино млеко.

За среќа, постојат многу акции со кои мајките се поттикнуваат на доење (оие кои имаат можност), но денеска се отворени и специјални банки за мајчино млеко. Првата е отворена во Виена, а веќе 13-тина постојат во Америка. Мајките кои донираат млеко поминуваат низа тестови, млекото се проверува и се пастеризира пред продажбата. Засега и ова е само во зачеток, но и овој потег наидува на осуда бидејќи луѓето сметаат дека доењето не е само хранење на детето, туку опфаќа многу поважни работи, од поврзување со детето до чувство на сигурност кај него. Што мислите вие за ова?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]