Неколку месеци Кара собирала храброст да разговара со мајка си за она што го видела на Инстаграм. Не така одамна, ова 11.годишно девојче, баш како и останатите деца, зборува под псевдоним, открила дека нејзината мајка поставува нејзини фотографии, без нејзина дозвола, и тоа во текот на поголемиот дел од нејзиниот живот.
„Само сакав да го запрам тоа. Будалесто е да се видиш таму сама себеси и тоа понекогаш на фотографии на кои не си се допаѓаш“, рекла Кара за Atlantik.
Како и повеќето модерни деца, Кара пораснала на социјалните мрежи. Фејсбук, Твитер и Јутјуб се основани пред нејзиното раѓање, а Инстаграм е присутен откако била бебе. Иако многу деца самите немаат свои профили нивните родители, училиштата, спортските тимови и организации се онлајн од периодот кога се тие родени. Шокот кога ќе сфатат дека детали за нивниот живот – или, во некои случаи, целата приказна за нив– се споделувани онлајн без нивна дозвола, станало клучно искуство во животите на многу млади тинејџери и тинејџерки.
Неодамна една мајка-блогерка напишала есеј за Вашингтон Пост за тоа дека, наспроти ужасот на нејзината 14-годишна ќерка кога дознала дека нејзината мајка со години објавувала многу лични информации за неа онлајн, едноставно не можела да престане да постира на својот блог и на социјалните мрежи. Мајката тврди дека ветувањето кое ѝ го дала на ќерката дека ќе престане да објавува за неа на интернет „значело исклуување на витален дел од мене, што не е нужно добро за мене или за неа“.
Меѓутоа, не станува збор за мајките-блогерки кои претеруваат и конструираат онлајн идентитет на своите деца, многу просечни родители го прават истото.
Речиси четвртина од децата го почнуваат својот дигитален живот кога родителите го аплаудираат својот ултразвук на интернет.
Според истражувањето на компанијата AVG 92 отсто од бебињата помлади од две години веќе имаат свој единствен дигитален идентитет.
„Родителите сега креираат дигитален идентитет многу пред нивните деца да го отворат својот прв меил или профил на некоја социјална мрежа. Објавите кои ги поставуваат родителите онлајн сигурно дека ќе ги следат нивните деца и кога тие ќе пораснат“, стои во извештајот на Универзитетот на Флорида. „Овие родители делуваат и како чувари на личните податоци на своите деца и како раскажувачи на личните приказни на нивните деца“.
Претшколските установи и основните училишта често водат блогови или поставуваат фотографии од децата на Инстаграм или на Фејсбук, такашто родителите кои работат можат да учествуваат во настаните на своето дете во текот на денот. Спортските резултати се снимаат во живо, како значајни моменти од воншколските настани.
Кога Елен, 11.годишно девојче, конечно одлучило да се „изгугла“ самото себе, не очекувала дека ќе пронајде нешто за себе, затоа што сѐ уште немала ниту профил на социјалните мрежи. Била запрепастена кога на интернет се појавиле за неа повеќегодишни резултати и статистика за нејзините резултати во пливање.
Личната приказна која ја напишала во трето одделение исто така била објавена на сајтот на одделението со нејзиното име.
„Не мислев дека ќе ме има на интернет“, рекла таа.
Елен вели дека била фристрирана од фактот што сите информации за неа биле објавени без нејзина дозвола.
„Без оглед што правите, тоа е таму за луѓето да знаат. Дури и ако само пливате, остатокот од светот ќе го знае тоа. Моите рекорди се таму, сега луѓето знаат дека сум пливач. Интернетот ви кажува каде се сите случувања, такашто веројатно говори генерално за моето движење. Тои ви зборува и за моето училиште. Еден од од мојата приказна која е онлајн е на шпански. Сега луѓето знаат дека јас зборувам шпански“.
Алис била четврто одделение кога првпат се побарала себеси на Гугл. Како и ЕЛен, не очекувала дека ќе најде било што. Гугл ѝ исфрлил само неколку фотографии, но била шокирана што воопшто постои нешто. Наеднаш станала свесна за сликата која нејзината мајка ја создавала за неа на Инстаграм и на Фејсбук.
„Моите родители секогаш постираа за мене. Во суштина, тоа ми е беше во ред, а потоа сфатив дека таму оставам впечаток и дека преку налогот на мајка ми јас сум била реална личност и онлајн.
Не реагираат сите деца лошо на сознанието дека живееле онлајн, без нивно знаење. Некои се воодушевени. Во четврто одделение Нејт го пребарувал своето име и открил дека бил спомнат во еден напис за тоа како неговото одделение претходната година направило огромно бурито.
„Не знаев, навистина бев изненаден“. Но бил задоволен од откритието.
„Заради ова се чувствував како позната личност. Можев да создавам нови пријателства велејќи: „Мене ме има на портали, на интернет“, рекол тој. Од тогаш се гуглал себеси секој месец надевајќи се дека ќе најде уште нешто за себе.
Натали, сега 13.годишна, во петто одделение се натпреварувало со другарките за тоа колку информации за себе можат да најдат на интернет.
„Мислевме дека е толку кул што се нашите фотографии онлајн“, рекла таа. „Се фалевме: Имам толку и толку фотографии на интернет. Бевме шокирани кога сфативме дека не има таму. Бевме во фазон, „јес, ние сме вистински луѓе“.
Нејзините родители се строги во врска со објавувањето на нејзини фотографии на социјалните мрежи, такашто постојат само неколку нејзини фотографии, но таа сака повеќе.
„Не сакам да живеам во дупка и да имам само две свои слики онлајн. Сакам да бидам личност која е личност. Сакам луѓето да знаат која сум“, рекла таа.
Кара и оние кои размислуваат како неа, се надеваат дека ќе постават правила до кои ќе се држат нивните родители. Таа сака нејзината мајка следниот пат кога ќе пишува за неа, да ѝ каже и да има можност да одобри која фотографија може да се објави.
Хајден, 10.годишно дете, пред неколку дена сфатил дека неговите родители корстеле хаштаг со неговото име на фотографиите на кои е тој. Тој сега ги следи хаштаговите за да биде сигурен дека нема да излезе нешто што ќе го засрами.
КОга децата првпат ќе дознаат дека се нивните животи јавни, повеќе нема назад. Неколку тинејџери рекле дека тоа ги поттикнало да посакаат сопствен профил на социјалните мрежи, за да ја преземат контролата над сликата за себе. Но многу други деца знаат да се исплашат и да се повлечат. Елен вели дека секогаш кога некој близу до неа има телефон, станува нервозна дека би можела да биде фотографирана и дека тоа би можело да биде објавено некаде. За да им помогнат на децата да се изборат со ова, сѐ повеќе школи во Америка почнуваат програми за дигитална писменост. Седумгодишната Џејн дознала за себе на интернет делумно во училиште и тоа на презентацијата за безбедност на Интернет. Нејзиниот татко ја предупредил за социјалните мрежи и ѝ дава да ги одобри фотографиите пред да ги објави. Сепак Џејн е загрижена. Таа е премногу млада за да има свој профил, но чувствува дека многу работи за неа на интернет се надвор од нејзина контрола.
„Не ми се допаѓа луѓето да знаат некои работи за мене, а јас дури и не ги познавам“, вели. Енди, кој има седум години секогаш гледа дали има луѓе кои би можеле да направат непријатни фотографии за него. Еднаш ја фатил мајка си како го слика додека спие, а другпат, додека правел гримаси и си играл. Веднаш ѝ рекол да не го објавува тоа на Фејсбук и таа му ветила дека нема. За него с тоа работи кои можат да го засрамат.
Европскиот суд за правда во 2014. година одлучил интернет-провајдерите да мораат да им обезбедат на корисниците „право да бидат заборавени“.
Тие можат да бараат штетните информации за нив, вклучувајќи ги и делата кои ги направиле како малолетници, да се скријат на пребарувачот на Гугл. Во Франција, строгите права за приватност подразбираат децата да можат да ги тужат сопствените родители заради објавување на интимни или приватни детали од нивните животи кои тие не ги одобриле. Во Америка, нема таква заштита.
Џејми Патнам, мајка од Џорџија, вели дека станала свесна за фактот дека многу другари на нејзините деца не знаат колку информации за нив има на Интернет. Неодамна видела на социјалната мрежа дека еден од пријателите на нејзините деца добил куче. Таа му го споменала тоа кога го водела, а тј ја погленал вџашено. Не знаел од каде таа го знае ова. Сега е внимателна за тоа што ќе открие.
„Изгледа како можеби да ја преминуваш линијата зборувајќи им што сѐ знаеш за нив“.
Фото: Pixabey