Дали сте родител кој по разводот го манипулира детето во своја полза? Размислете!

Родителите кои одат на суд со идеја дека победникот носи сè, дури и кога станува збор за старателството над децата, за жал, не ги гледаат штетните последици од злоупотребата на моќта. Истражувањето покажало дека дете кое е научено да мрази еден родител ќе заврши изолирано, ќе има ниска самопочит, склоност кон депресија, низок академски успех, ментални и здравствени проблеми и голема шанса за зависност од алкохол и дрога.

0
252
Фото: Freepik

Разводот е трауматично искуство и за родителите и за децата. Ако двајцата родители наместо да им даваат поддршка и безбедно засолниште на своите деца, продолжат да водат „војна“ преку нивниот грб, последиците за децата може да бидат повеќе од страшни.

За време на разводот, многу родители манипулираат со своите деца, обидувајќи се преку нив да го решат она што не успеале да го решат со нивниот поранешен партнер. Не правете го тоа, предупредуваат експертите. Претворајќи ги децата во несвесни сојузници во кампањата – ‘фрлање со камења’ по поранешниот партнер, вие негативно влијаете на односот на детето со другиот родител, што често резултира во целосно оттуѓување на детето од едниот родител.

Не е невообичаено ваквите деца да изјават дека мразат еден родител, негирајќи ги сите позитивни искуства со него.

Иако Светската здравствена организација сè уште не го воведе концептот на оттуѓување на родителите (ПА) како дијагностички критериум, концептот на оттуѓување, кој е сеприсутен и сè поизразен, го разгледуваат многу научници ширум светот.

Истражувањето, спроведено во 2019 година од страна на Џенифер Харман од Државниот универзитет во Колорадо, покажало дека 35 проценти од американските и 32 проценти од канадските родители веруваат дека нивните деца се оттуѓени од нив. Тоа е штетно за сите, особено за децата.

Канада неодамна беше домаќин на 5-та меѓународна конференција за оттуѓување на деца од родители во висококонфликтни разводи. На Конференцијата, на која учествуваа околу 1.000 научници и експерти од 50 земји, биле усвоени неколку препораки што треба да доведат до намалување на овој голем проблем што остава трајни последици.

Меѓу другото, било заклучено дека оттуѓувањето е многу често емоционална злоупотреба на децата од страна на родителот што го оттуѓува. Ваквите деца, предупредуваат експертите, честопати завршуваат со високо ниво на депресија, симптоми на траума и ризик од самоубиство.

„Оттуѓувањето на дете е далеку повеќе од несогласување на детето со неговата мајка или татко“, изјавил за Ванкувер Сан, Едвард Крук, професор на Универзитетот во Британска Колумбија, еден од организаторите на конференцијата и водечки светски експерт за оттуѓување.

Според него, постојат три фактори кои покажуваат дали едниот родител го оттуѓил детето од другиот родител или тоа само се оддалечило.

Прво, детето некогаш морало да има добри односи со родителот, кој сега одбива да го види. Второ, детето кое сега одбива да се види со едниот родител, не треба претходно да било злоставувано. И трето, детето има манипулативен „фаворизиран“ родител и не се чувствува виновно за тоа што го мрази другиот родител.

Мајките и татковците кои одат на суд со идеја дека победникот носи сè, дури и кога станува збор за старателството над децата, за жал, не ги гледаат штетните последици од злоупотребата на моќта. Имено, истражувањето покажа дека дете кое е научено да мрази еден родител ќе заврши изолирано, ќе има ниска самодоверба, склоност кон депресија, ниски академски перформанси, ментални и здравствени проблеми и голема шанса за зависност од алкохол и дрога.

„Тоа ги води децата кон самоомраза“, предупредил Крук, опишувајќи колку многу е веројатно детето што е научено да мрази еден родител да има психолошки последици. Имено, бројни студии покажуваат дека повеќето деца, кои потекнуваат од семејства во кои немало насилство помеѓу родителите, дури и по разводот сакаат да имаат еднакви односи и со мајката и со таткото.

Научниците тврдат дека постои начин да се избегне оттуѓување на детето, но повеќето судови го избегнуваат тоа, па судиите ширум светот најчесто одредуваат кој родител е најсоодветен за воспитување на дете.

„Поздрава законска алтернатива е достапна во земјите кои навистина ја ценат родовата еднаквост, вклучувајќи ги Шведска, Финска, Исланд, Холандија и неколку прогресивни американски држави“, вели Крурк.

Истражувачот Малин Бергстром од Универзитетот во Стокхолм спровел студија која покажала дека децата кои поминуваат приближно исто време со двајцата родители по разводот се скоро исто толку среќни како и децата што живеат во семејства со двајцата родители. Овие заклучоци се косат со застарените стереотипи дека децата треба да бидат ставени под грижа на само еден родител.

‘Истражувањето спроведено на примерок од 5.000 тинејџери покажало дека децата за кои подеднакво се грижат двајцата родители, немаат проблеми на училиште поради честата промена на живеалиштето. Всушност, наставниците забележале проблеми со децата кои обично живеат само со еден родител“, вели Бергстрем.

„Стариот модел на семејство, кој го назначува таткото за главен носител на семејството, а мајката за главен старател, во голема мера исчезна на Запад, иако сè уште е поддржан од оние кои одлучуваат за судбината на детето“, предупредил Крук.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]