Најдобро време за проширување на семејството е тогаш кога двајцата ќе посакате да добиете дете.
За некои тоа е времето кога се помлади и енергични, а други пак ќе се одлучат за семејство по триесеттата или по четириесетата година од животот. Постојат двојки кои едноставно никогаш нема да ја почувствуваат емоционалната подготвеност да станат родители.
Еве неколку прашања кои можете да си ги поставите еден на друг за да проверите како се чувствувате околу новата улога што ви претстои – родителството?
Дали бременоста ќе го промени нашиот однос?
Дали едниот од нас повеќе сака бебе?
Девојче или момче – што повеќе би сакале?
Дали ќе бидеме лишени од дружење, излегување, од времето кои си го посветуваме само еден на друг?
Што најмногу не загрижува кога размислуваме за бебе?
Кога го замислуваме животот со бебе, дали тоа ги вклучува и валканите пелени и непроспиените ноќи?
Што ќе се случи кога нашето бебе ќе се роди? Дали ќе имаме помош или еден од нас секогаш ќе мора да останува дома со бебето?
Дали ќе ги делиме домашните работи еднакво? Како тоа ќе изгледа по породувањето?
Дали е еднакво важно таткото да поминува со детето онолку време колку и мајката?
Фото: Pixabey