Експертката за социјални односи, Кероу А. Ламберт за Psychology Today открива што значи да се биде психолошки малтретиран и зошто овој вид на насилство никако не смее да се игнорира. Таа издвојува 6 знаци за психолошко малтретирање во кои можеби ќе се препознаете и вие.
Жртвите често не знаат дека се жртви
Ламберт предупредува дека психолошкото малтретирање заедно со насилните тактики со кои доаѓа е често тешко да се забележи.
Особено кај жените ваквиот вид на малтретирање може да остави голема штета на менталното здравје доколку се игнорира или не се забележи на време.
Ако малтретираните личности и ги забележат сопствените промени на расположението или примери на однесување, главно нема причината за ова да го бараат во начинот на кој нивниот партнер комуницира со нив. Овие „скриени“ повреди се усмерени кон мислите, чувствата и перцепциите на жените. Кога ќе ги забележите овие знаци можете да тргнете кон тоа да се заштитите самата себе и да одберете начини за тоа, но прво и основно – морате да ги прифатите и да увидите дека сте жртва на малтретирање.
Знаци на психолошко малтретирање
Ламберт на примерок од 1000 жени кои доаѓале на терапија направила листа од 6 главни знаци на психолошко малтретирање.
- Ако досега сте биле сигурни во себе и самоуверени, а сега постојано се сомневате во себе и сте несигурни.
- Претходно сте се чувствувале приземно и сте верувале сама во себе, а сега сте позбунета и неодлучна.
- Ако сте биле среќни и доследни, сега би можеле да се чувствувате емоционално исцрпено и анксиозно.
- Ако сте се чувствувале способно и сте имале позитивно мислење за себе, тоа би можело да се преобрази во чувство на несигурност и немоќ.
- Ако претходно си се држела до своите убедувања, сега би можеле да ја изгубите самодовербата и вербата во сопствените избори.
- Ако сте имале некои несигурности, тие само ќе се засилат затоа што некој ги користи против вас.
Знаците на психолошко малтретирање мораат да се забележат на време и да се побара помош затоа што последиците се многу полоши отколку што изгледа – депресија, анксиозност, недостаток на самодоверба и траума.
Може да се развие и пореметување во кое личноста развива чувство на напнатост и алармираност секогаш кога ќе го почувствува партнерот во близина.
Пред да дојде до тоа – препознајте и реагирајте! Не дозволувајте стравот да управува со вас, затоа што секој ден се повеќе ќе ја губите контролата над својот живот, а истото ќе се одрази и врз вашите деца и целото семејство.