ПОЧЕТНА БРЕМЕНОСТ Дали сте за едно ‘Белфи’?

Дали сте за едно ‘Белфи’?

Ако не знаевте, станува збор за тренд на фотографирање на гол труднички стомак помеѓу познатите мајки. Секако, не го измислија ова ниту Бијонсе, ниту Џиџи Хадид и Серена Вилијамс, туку многу пред нив тоа го направи Деми Мур, но кој мислеше дека сега ќе го прави ова секоја втора трудница?! Дали вие си направивте едно 'Белфи'?

0
129
Во мое време, поточно кога јас бев бремена, а тоа беше во далечната 93.година, се уште се сликавме со фотографски апарати, и тоа со филм. Сега многу ми е жал што имам само една фотографија од времето на мојата бременост, и тоа, матна.
Ќе беше убав спомен. Претходно, во уште подалечната 91. фотографката Ани Либовиц за Венити Фер ја фотографираше Деми Мур, гола и бремена. Тогаш ова беше крајно контроверзна фотграфија, ама се сеќавам дека јас и моите другарки ѝ се восхитувавме.
Како и да е, ова тогаш беше исклучок, нешто за што се зборуваше, а денеска, тоа го прави секоја втора трудница. Денеска овој тренд на фотографирање на голиот труднички стомак се нарекува ‘белфи’ и со вакви фотографии денеска жените ја објавуваат и ја прославуваат својата бременост.
Иако, се чини дека некои од нив едвај дочекале, па стомачето едвај им се познава, а тие веќе позираат голи. На пример, за бременоста на манекенката Емили Ратајковски дознавме неодамна, а манекенка веќе неколку пати јавно го покажа своето стомаче.

Ova manekenka se porodila pre mesec dana. Iako se početkom trudnoće suzdržavala od fotografisanja, kasnije je rado napravila fotografije svog stomaka.

“Mnogi se pitaju zašto ne objavljujem više slika, ali trudna sam u doba pandemije. Moja trudnoća nije najbitnija stvar trenutno”, objasnila je Điđi zašto se retko fotografiše.

Пејачката Бијонсе е веќе позната по своите труднички фотографии. Се фотографираше покрај цветен венец додека беше бремена со своите близнаци.

И познатата тенисерка Серена Вилијамс исто така важи за една од славните мајки која во текот на бременоста се фотографираше со гол труднички стомак.

Роузи Хантингтон Вајтли, модел и позната манекенка во текот на бременоста направила фотографии на плажа во костим за капење, со јасно видливо трудничко стомаче.

И Кети Пери со задоволство се фотографираше во текот на бременоста, па имавме можност нејзиниот труднички стомак да го видиме повеќе пати.

Пејачката Аланис Морисет се фотографираше гола во вода и со тоа не потсети на познатиот албум на групата Нирвана.

Дали и вие би се фотографирале или веќе сте се фотографирале вака? 

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]