Треба да се знае дека некои проблеми со децата од предучилишна област се неизбежни и дека нивна „работа“ е да истражуваат и да ги напипуваат границите. Од друга страна исто е важно добро да го согледате своето однесување и да откриете дали правите или не правите нешто што предизвикува грдо однесување и испади кај вашето дете.
Ние ви откриваме некои од најчестите поводи за грдо однесување на децата кога виновници се главно родителите.
Обрнувате премалку внимание на детето. Сите деца го сакаат вниманието на родителите. Оној момент кога ќе почувствуваат дека вниманието ви го преокупиал телефонот, компјутерот, книга или нешто четврто во момент кога тоа ја сака, може да дојде од изливи на бес. Овој проблем ќе го решите едноставно такашто нема да дозволите детето да ве вика многу пати само за да ви покаже некој цртеж или да ви раскаже што се случило во градинката. Сослушајте го и вратете му се на она што сте во правеле. Свесни сме дека не е секогаш едноставно да се биде на нивото на задачата, но трудете се затоа што на крајот тоа ќе се види во однесувањето на вашето дете.
Му давате на детето лош пример. Еден од начините на кои децата учат како треба да се однесуваат е имитирањето на родителите и на други повозрасни лица, но пред сѐ, на родителите.
Дали некогаш сте се запрашале колку вашите особини се отсликуваат во лошото однесување на вашите деца? Aко слушнете дека вашето дете пцуе, грдо зборува и го повишува гласот на сестра си или на вас, запрашајте се дали можеби имитира некого од домашните: Пред децата секогаш трудете се да не го покачувате гласот, да не пцуете и убаво да комуницирате со сите домашни. Ако тоа случајно и ви се случи, обидете се да му објасните на детето зошто сте реагирале така и признајте дека сте згрешиле и дека е тоа грдо. Не му дозволувајте на детето да гледа на грдото однесување како на нешто нормално, секојдневно.
Не ги препознавате доволно детските потреби. Секој родител треба да знае дека се децата мрзоволни и кенкави кога се гладник умирни, кога им се спие или кога имаат вишок енергија која треа да се потроши. Ако не им излезете во пресрет на овие детски потреби прашање на момент е кога ќе дојде до некој испад. Потрудете се детето да оди на спиење секогаш на време, носете го рано во паркови или во иггротеки и секогаш имајте при рака грицки и сокчиња.
Премногу очекувате од детето. Ако детето упорно ги крши секогаш истоте правила тогаш е време да се запрашате што не е во ред со правилото. На пример, не можете да очекувате од двегодишниците да бидат совршено мирни додека ручате на маса, да не се извалка и да го користат правилно приборот и крпата. Една од причините заради кои двегодишниците се валкаат е тоа што моторичките способности сѐ уште не им се доволно развиени. Намалете ги очекувањата за вашите деца и правилата прилагодете ги на нивната возраст. Бидете сто отсто уверени дека тие навистина можат да го направат тоа што се бара од нив.
Иако ние возрасните сме тие што треба да ги учат децата на дисциплина во повеќето случаи сме самите виновни за нивното лошо однесување и затоа пред да почнете да ги карате и да ги казнувате, запрашајте се колку вие сте ги предизвикале тие испади кај вашето дете. Сменете се прво себеси, па дури потоа детето.