Докторката по психијатрија Лоренс М. Вестреј за “Reader’s Digest” нагласува дека постојат 10 знаци кои можат да ви откријат дали вашиот тинејџер зема наркотици и објаснува што можат да направат родителите во таков случај.
Поспан или повозбуден од кога било
Секој човек го стасува заморот, но не е баш нормално ако вашата ќерка или син наеднаш заспијат на маса додека вечерате или пак спијат долго после часовите. Доколку не можат да се опуштат после училиште или се нервозни без некоја посебна причина, тоа е можеби причина за сомнеж. Токму тогаш можете да преземете нешто затоа што тој константен замор или вознемиреност ќе ги искористите како совршен изговор за одење на лекар.
Раздразлив е и не зборува со вас
Ако вашето дете ја прекине секоја комуникација со вас никако немојте да ја вртите главата настрана. Би било најдобро постојано да бидете присутни и смирени затоа што така ќе му овозможите да се издува, но и да ја отвори вратата за разговор. Можете да кажете нешто како: „Знам дека не сакаш баш многу да зборуваш со мене, но сакам да знаеш дека сум секогаш тука за тебе и дека можам да ти помогнам ако нешто те мачи“.
Ги менува пријателите
Врсниците многу влијаат врз однесувањето на тинејџерите и затоа изборот на пријателите е многу важен. Но и семејството може да има големо влијание врз младиот човек, без оглед дали тој го признава тоа или не. Ако вашето дете почне да се дружи со луѓе кои консумираат алкохол или дрога, полека, но одлучно обрнете му внимание дека тие луѓе не се добро друштво за него. Доколку сте навистина загрижени заради новото друштво на вашиот тинејџер, забранете му да се гледа со нив, но бидете подготвени на тоа дека ќе се спротивставува и дека ќе се обидува да ја избегне таа забрана. Имајте на ум дека, ако вашето дете се дружи со луѓе кои консумираат опијати, многу е веројатно дека и самото ќе посегне по тие опојни средства. Една од опциите да го спречите тоа е и да побарате стручна помош.
Троши повеќе од порано
Ако исчезнуваат големи количини на пари не бегајте од фактот дека можеби имате сериозен проблем. Поставувајте прашања за тоа колку пари троши за викенд или со кого бил во кино и не се откажувјте сѐ додека не добиете одговор, па мдури и ако тоа значи забрана за излегување или укинување на џепарлакот.
Домашните задачи му се сѐ полоши
Ако вашето дете наеднаш попушти со учење или почне проблематично да се однесува, тоа треба да ви биде знак дека тоа можеби се дрогира. Разговарајте со професорот кој ве известува за тоа и замолете ги сите луѓе кои работат со вашето дете во училиште да ви кажат ако забележат нешто алармантно. Тие можат да ви олеснат и такашто ќе ве упатат на тоа каде да се обратите за помош.
Ги менува навиките во исхраната
Дaли вашето дете наеднаш го изгубило апетитот или нагло изгубило или добило на килажа? Едно од можните објаснувања е и пореметувањето во исхраната, но може да биде и знак дека во својот организам внесува наркотци. Кокаинот и амфетамините можат да доведат до губење на килограмите заради што некои тинејџери и почнуваат да ги користат. Ако кај вашиот син или ќерка забележите дека се здебелиле и станале повлечени и летаргични, веднаш одведете ги на лекар.
Губи интерес за работите кои претходни го интересирале
Целосно е нормално вашиот тинејџер да се интересира за различни работи, но ако тоа се случи наеднаш, бидете внимателни затоа што тоа може да значи и дека консумира опијати. Поголеми количини на марихуана предизвикуваат замор, апатија и недостаток од мотивација да се направи било што. Реагирајте ако вашето дете не може да се сконцентрира на домашните задачи, спорт или воншколските активности.
Нарушено му е физичкото здравје
Не наседнувајте на изговори. Ако очите на вашиот тинејџер му се црвени, зениците проширени или има крастички по телото, тоа треба да ви биде предупредување. Честото крварење или течење на секрет од носот, лезии околу усните или на рацете можат да бидат знаци за консумирање на кокаин или амфетамини кои можат да се пушат. Покривањето на одредени делови од телото, како на рацете, може да значи дека вашето дете нешто крие од вас. За почеток едноставно кажете што сте забележале, а потоа одведете го на лекар.
Има прибор за консумирање дрога
Зависноста е секогаш обвиена со вел на тајна. Ако сте забележале дека вашето дете има непознати таблети, шприцеви или супстанции во кесичка, задолжително проверете за што станува збор. Не се колебајте на својата ќерка или син да им ја пребарате собата и сите други работи (како училишната чанта или џебовите од јакната). Разговарајте со професорите и со пријателите на вашите деца.
Признава дека се дрогира
Верувале или не, децата некогаш на своите родители знаат да им признаат дека се дрогираат. Ако вашето дете ве замоли да му најдете стручна помош, вашата задача е многу полесна. Но многу често сепак можеби ќе се соочите со одбивање на помош под изговор дека може да престане кога ќе посака. Може да ви каже дека само ѝ го чувале кокаинот на својата пријателка или пак дека подобро функционираат и подобро учат кога се под дејство на дрога. Немојте да бидете шокирани од нивната наивност и бидете среќни што знаете дека проблемот постои па потрудете се да најдете помош.
Фото: Myicahel Tamburini from Pexels