Дали се однесувате кон бебето со почит?

Според методот на воспитување на детето познат како РИЕ (Resources for infant educarers), кон бебето треба да се однесувате како кон уникатно човечко суштество уште од раѓање. Затоа што, целта е да се подигне автентично дете, какво што и е секое дете, ако се чувствува безбедно, ако има самодоверба, ако е самостојно и ако умее да се поврзе со луѓето.

0
82

Методот РИЕ – „Resources for infant educarers“, донесе вистинска револуција, па многу познати родители почнаа да го применуваат. Интересно е што неговата суштина е многу едноставна, а тоа е – почитување на детето. Според тој метод, не е доволно да го правите тоа само во принцип, туку да се однесувате кон бебето како кон уникатно човечко суштество уште од раѓање. Затоа што, целта е да се подигне автентично дете, какво што и е секое дете, ако се чувствува безбедно, ако има самодоверба, ако е самостојно и ако умее да се поврзе со луѓето.

Постојано го бараме најдобриот можен метод за воспитување на децата, но колку ќе биде „употреблив“ зависи од детето. И од упорноста на родителите да не се откажуваат веднаш штом ќе се сретнат со првите препреки.

Експертите кои го патентирале тврдат дека начинот на кој комуницирате со детето влијае на развојот на неговата целокупна личност и формирањето на аголот од кој ќе го набљудува светот. Родителите мора да веруваат дека дури и бебето може да биде иницијатор и само да ги истражува своите способности.

Методот РИЕ се заснова на набљудување, односно ги поттикнува родителите да го анализираат своето дете што е можно повнимателно за да го разберат начинот на кој комуницира. Така успеваат да ги разберат неговите потреби. И колку повеќе го разбираме детето, толку повеќе ја цениме неговата способност за брзо учење, која е особено изразена во текот на првите три години од животот. Кога ќе видиме што сѐ може тоа да направи самостојно, сѐ помалку го подучуваме.

Експертите тврдат дека дури и новороденчето може да биде активно во процесот на хранење и менување на пелени, само ако родителите се потрудат. Бидејќи тие создаваат шанси за интеракција и соработка, па нивната улога е да му обезбедат опкружување во кое може непречено да ги прави сите работи што му се природни. Колку е попредвидливо и попознато опкружувањето, толку им е полесно на бебињата да учат.

Еден од принципите е на детето да не му зборувате ‘бебешки’, туку да разговарате со него како со возрасен човек. На детето му се дава да си игра со садови и лажици, наместо со скапи играчки. Суштината е да му обезбедиме многу време за непречена, самостојна игра и да му покажеме восхит за сè што ќе направи.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]