Дали присуството на таткото на породувањето помага или одмага?

Некои мајки кои на породувањето ја имале поддршката од партнерите тврдат дека нивното присуство им било големо олеснување додека пак некои се на мислење дека поради партнерот би имале поголема трема и дека биле поопуштени затоа што покрај нив бил само медицинскиот персонал. А што велите вие за ова?

0
161

Во некои земји од светот присуството на таткото на породувањето е вообичаена ситуација. Кај нас тоа сѐ уште не е многу вообичаени, сепак, полека но сигурно стасуваат промените и во нашите родилишта па не може да не се запрашаме дали таткото на породувањето ја олеснува или ја отежнува ситуацијата.

Многу жени велат дека на самото породување им се сосема доволни бабицата и лекарот па не ни помислиле на тоа како би изгледало да е со нив нивниот партнер кој ќе ги држи за рака и ќе им кажува како да дишат. Многу повеќе од нив би сакале нивниот партнер да можел да биде со нив додека чекале на породувањето, пред да ги однесат во родилната сала, кога секоја минута им траела како година, а повеќето од тоа време се со контракции.

Искуствата на бабиците и на медицинскиот персонал велат дека таткото во родилната сала може да биде и камен на спрепнување затоа што родилката покрај се низ што минува размислува и за тоа како ќе го поднесе тоа нејзиниот сакан. Во тој слуќај, подобро е таткото да почека во ходникот.

Затоа, кога размислувате дали да го земете со себе во родилната сала вашиот партнер, водете сметка за тоа дека таму ви треба некој кој е прибран, сталожен и кој нема да ви ја отежне ситуацијата. Ако мислите дека во текот на породувањето ќе се грижите како ќе го поднесе целото тоа искуство вашиот пратнер, тогаш подобро кажете му дека е подобро да не присуствува на породувањето, без оглед колку тој ќе инсистира на тоа.

Какви се вашите искуства?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]