Сите родители сакаат да ги заштитат своите деца од неволји, повреди, од болка, но има родители кои се премногу заштитнички настроени кон своето дете, а тоа ‘премногу’ значи дека иако во моментот можеби и ќе го заштитат од нешто или од некого, долгорочно ќе му нанесат поголема штета.
Освен тоа, на тој начин му испраќаат порака дека сметаат дека детето е неспособно да се справува со животните предизвици.
Сето тоа води кон недостаток на самодоверба кај децата. Таквите деца израснуваат во луѓе кои не можат да бидат успешни во предизвиците и задачите, без помош од возрасните.
Претерано заштитничкиот однос на родителот кон детето доведува до недостаток на развој на самопочитување кај детето. Имено, самопочитта се развива кога децата се оставаат сами да се соочат со предизвиците, без интервенција на родителите.
Затоа, преиспитајте го својот однос кон детето и обидете се да не го покривате премногу со своите заштитнички ‘крилја’.
Фото: Pixabey