Анатомијата и физиологијата на младото тело полесно ја поднесуваат бременоста, меѓутоа, психолошката зрелост на мајката се покажала важна за развојот на детето, објавено е во студијата European Journal of Developmental Psychology.
Истражувањето спроведено во рамките на универзитетот Архус во Данска, покажало дека децата помеѓу 7 и 11 години имаат помалку бихејвиорални, социјални и емоционални потешкотии, ако им се мајките позрели. Исто така, овие деца биле социјално и вербално поспособна од своите врсници чии мајки биле помлади. Со студијата се опфатени околу 5 илјади мајки и нивните деца.
Постарите мајки на почетокот од родителствотосе поослободени од стрес и имаат попозитивен став за децата и родителството.
„Како што со годините луѓето стануваат пофлексибилни, со самото тоа се и емоционално позрели и потолерантни кон другите. На тој начин околу детето се формира позитивна психосоцијална околина која влијае на подигањето на детето. Постарите мајки им овозможувале на децата подобра рамнотежа на слобода и појасни граници“, објаснил авторот на студијата Дион Сомер.
Иако студијата не дефинирала во кои години можеме жената да ја клафицираме како постара, а со тоа и позрела мајка, некои слични истражувања за ова наведуваат старост над 35 години.
Фото: Pixabey