Пиев вода од црево, понекогаш и од чешма. На лето колената ми беа повеќе без кожа отколку со неа.
Во средно училиште тргнав со фармерки. Со ранец. Со соништа. Така и го завршив.
Денес, на овие години, знам дека сум била дете, тинејџер, девојка, жена. Неповикана да коментирам што било на оваа тема, а погодена од секојдневното гледање на девојчиња кои прескокнувајќи некои од фазите на растењето, премногу брзо и неприродно дошле до „титулата“ жена, посакувам да им поставам безброј прашања. Ним, или на суштеството кое го создале од себе под влијание на средината.
Каде се вашите соништа барбики на новото време?!
Кој и зошто така ви го искомплицирал растењето? Каде се брзате? Пред што бегате? Пупката не се отвора пред пролет, зарем никој не ви го кажал тоа? Каде сте ги пуштиле невините насмевки, одраните колена и ситните радувања? Зарем морате „да се качувате“ на неудобни потпетици за подобро да го согледате светот околу себе?
Поука: Не трудете се да го изгубите детството затоа што тоа е најубаво кога е спонтано, а… годините ќе ве стигнат, сакале или не.
Текстот е од ТУКА.
Фото: Unsplash