Дали некогаш ве фрлиле во базен, езеро или море за да ве научат да пливате?

Кога бевме мали татко ми не фрлаше во вода за да се научиме да пливаме. Мајка ми пак, научила да плива откако брат ѝ, додека таму сѐ уште се пливало, ја фрлил во Вардар. Но ниту нас, ниту неа никогаш не не оставиле сами во вода. Какво е вашето искуство?

0
149

Триесет и седумгодишниот Џон Бладсворт е уапсен откако го фрлил својот петгодишен син во Атлантскиот океан. Сведоците тврдат дека Бладсворт неколку пати скокнал од пристаништето на Дејтон Бич во Флорида, a потоа го присилил и синот да го направи тоа викајќи му дека мора да научи да плива.

Поранешниот полицаец Мич Браун бил на одмор со семејството кога го здогледал момчето кое се борело да ја одржи главата над површината.

Детето беше потполно само. Околу него немаше никој, ниту возрасни“, изјавил Браун.

Тој одлучил да интервенира па го повикал полицаецот кој бил во близина и тој веднаш го уапсил Бладсворт.

Детето беше видно вознемирено и плачеше“, додал Браун.

Бладсворт бил во алкохолизирана состојба па освен за малтретирање на детето, обвинет е и за опивање на јавно место.

Потоа, со кауција бил пуштен од затвор, а неговиот син, наводно неповреден, ѝ е предаден на мајката.

Памтам дека кога бевме мали, татко ни не фрлаше во вода додека ние врескавме, но секогаш беше до нас за да не извади дколку не се снајдеме.

Слична приказна ни раскажуваше секогаш мајка ни која во периодот кога се одело на пливање на Вардар, нејзиниот брат ја фрлил во вртлогот и таа, иако „се збогувала со сонцето“, сепак научила да плива.

Изгледа дека овој американски татко се занел и претерал фрлајќи си го детето во океан и оставајќи го таму сосема сам. Дали бил пијан или не, ова не личи на однесување на еден нормален татко.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]