Дали научниците навистина нашле начин за рано откривање на аутизам?

Истражувањето покажало 80 отсто точност во предвидувањата кое дете ќе развие симптоми, а кое не

0
462

„Едно од 68 деца има пореметување од аутистичниот спектар“, вели Хедер Коди Хазлет, асистентка на Одделот за психијатрија на Универзитетот Норт Каролина.

Моментално не постои медицинско тестирање за рано дијагностицирање на пореметувањата од спектарот, што е дополнителен проблем затоа што кај децата тоа пореметување може значително подобро да почне да се решава кога се тие помали.

Наместо тоа, лекарите денеска мораат професионално да го испитаат однесувањето и развојот на детето, за да утврдат дали има аутизам, односно, некое од пореметувањата на аутистичниот спектар, па резултатите од новото истражување се исклучителлно позитивни затоа што велат дека сепак постојат шанси да се откријат раните знаци на аутизам, и тоа на мозоците на доенчињата.

Значи, многу пред пореметувањата да можат да се откријат во текот на детскиот развој (говорот, однесувањето).

Истражувањето е спроведено на Универзитетот Норт Каролина во текот на 10 години, а главната цел била научниците да се обидат да сфатат што точно се случува во мозоците на бебињата и зошто кај некои од нив се развиваат симптоми на аутизам, а кај други не.

Истражувачкиот тим собрал и детално анализирал МР скенови на мозок на повеќе од 500 бебиња и утврдил дека мозоците на бебињата кои развиле аутизам се многу поголеми од мозоците на бебињата со нормален развој.

„Разликата во големината на мозокот станала уште поголема кога децата наполниле две, односно, три години и токму таа разлика во волуменот покажала кои деца веќе почнале да развиваат симптоми од аутистичен спектар“, нагласила Хедер Коди Хазлет.

Тоа е добра вест за што порано откривање на развојот на симптомите од аутистичниот спектар иако, нагласува Хедер Коди Хазлет, проценките не биле 100 отсто точни.

Истражувањето го завршиле со 80 отсто точност при утврдувањето на сиптомите, односно предвидувањата кое дете ќе развие симптоми.

„Затоа на ова истражување ќе работиме и понатаму за дополнително да ги докажеме нашите тврдења и уште подобро да ја сфатиме поврзаноста помеѓу зголемениот волумен на мозокот и симптомите на аутизмот и аутистичниот спектар“, нагласила таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]