Дали моето бебе премногу плаче?

Колку солзи се во ред? Дали бебето плаче премногу, дали е тоа нормално, се едни од најчестите прашања на родителите.

0
342

Научниците од Универзитетите Кингстон и Варвик спровеле истражување за да утврдат колку бебешки солзи е нормално да има.

Студијата покажала дека бебињата до две недели живот плачат околу 120 минути дневно, додека оние помеѓу 10 и 12 недели плачат 65 минути дневно. Секако, исклучок се грчевите, затоа што кога тие ги мачат, плачат и повеќе од три часа во текот на денот барем три пати неделно.

Научниците направиле дијаграм за да им помогнат на родителите да го следат здравјето на своите бебиња, затоа што во случај да плачат повеќе од тоа, би требало да ги одведат на преглед и да утврдат дали се солзите детектор на некој дисбаланс во организмот.

Благодарност за фотографија (REX)

[better-ads type='banner' banner='999' ]