Дали кога цуцлата ќе падне, ја ставате во уста, па му ја враќате на бебето?

Иако на прв поглед можеби ви се гледа нехигиенски, нема ништо лошо во тоа да ја ставите во уста цуцлата лажливка и така да ја „измиете“ со сопствената плунка пред да му ја вратите на бебето во уста, тврдат американските алерголози.

0
1076

Истражувањето чии резултати биле презентирани на годишниот собир на алерголози во Детроит минатата година, покажало дека таквиот потег ја намалва алергијата кај сосема малите деца, пренесува Science Daily.

Научниците велат дека мајчината плунка е подобра и од плакнење на цуцлата со обична вода, освен, се разбира, ако не паднала во кал, во некое легло на бактерии или во тоалетната шолја.

Ако паднала на релативо чист под, мајката може без страв да ја излиже и да му ја врати на бебето. Предупредуваат дека тоа не се однесува на родителите кои имаат херпес или некој друг вирус, како ни ако цуцлата падне на многу валкан или на под полн со хемикалии.

Но во останатите случаи, мајчината плунка може да биде здрава за детето. Покрај сите тие добри бактерии детето побрзо стекнува имунитет, дури и на посилни алергени како што се влакната на од мачка, алергија на грињи и слично.

Во студијата, повеќе пати во текот на година ипол учествувале 128 мајки и деца. На мајките им било поставено прашањето на кој начин ја мијат цуцлата лажливка откако, на пример, ќе им падне на подот“, објаснила главната авторка на студијата, лекарката и специјалист алерголог Елејн Абу-јаоуде.

Децата до година и пол се склони да ставаат во устата сѐ, а валканите цуцли, иако се „арасадници“ на бактерии, претставуваат многу добра работа за имунитетит на детето„, потсетила таа.

Кај бебињата на оние мајки кои ги ставале во својата уста цуцлите лажливки за да ги исчистат со својата плунка, најдовме пониско ниво на имуноглобулин”, рекла таа, објаснувајќи дека имуноглобулинот е вид на антитела поврзан со алергиските реакции во организмот. Иако има исклучоци, повисокото ниво на IgE упатува и на поголем ризик од алергија или алергиска астма.

Од 128 учесници во студијата, 41 отсто одговориле дека ја стерилизираат цуцлата, поголем број ја миеле цуцлата со вода,а најмал процент, само 12 проценти одговориле дека ја „мијат“ ставајќи ја во својата уста пред да му ја вратат на бебето.

Утврдивме помало ниво на IgE кај децата чии мајки ја ставале цуцлата во својата уста“, рекол алерго-имунологот Едвард Зорати, коавтор на студијата. Тој објаснил дека зголеменото ниво на добри бактерии (а ги има доста во усната празнина) создава посилен отпор на организмот и го намалува ризикот од развој на алергии кај децата, од егзем до астма.

Во секој случај треба да се спроведат дополнителни истражувања, но по досегашните резултати на студијата веруваме дека станува збор за пренос на микроорганизми од усната празнина на мајката која позитивно делува на пониското ниво на IgE кај бебето. Не знаеме дали ниското ниво на IgE се задржува и во подоцнежните години на детето“, рекол тој. Од прано знаеме дека изложеноста на одредени микроорганизми во пораните години од животот го стимулира развојот на на системот за имунитет и може да го заштити детето од алергиски болести подоцна во животот“.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]