Дали и вие го присилувате своето дете да се слика со Дедо Мраз?

Иако повеќето деца го сакаат овој лик, има и такви кои се плашат или едноставно не сакаат да се сликаат со Дедо Мраз. Родителите пак, или голем дел од нив, сметаат дека е тоа традиција која не смее да се пропушти па без оглед колку детето се спротивставува, го убедуваат и инсистираат на фотографија за спомен.

0
224

Фотографирањето со Дедо Мраз е традиција која многумина ја сакаат, и родителите, и децата. Децата главно заради пакетчињата кои ги добиваат, или пак за да му ја шепнат својата желба.

Меѓутоа, не се сите деца такви. Кај некои овој дедо со долга бела брада и црвен костум, предизикува страв па тие во паника и солзи се спротивставуваат на обидите на нивните родители да го предадат во рацете на овој непознат човек за да ја направат таа толку посакувана фотографија. И покрај стравот, солзите и паниката кај овие деца, има родители кои инсистираат на фотографија за спомен, па макар на неа детето било и облеано во солзи.

Меѓутоа, стручњаците сметаат дека е тоа грешка. Имено, тие сметаат дури и дека е опасно да ги терате децата, ако веќе толку се плашат, да се сликаат со Дедо Мраз.

Присилувањето на детето да седне во скутот од Дедо Мраз, странец кај кој не се чувствува пријатно, не е никогаш добра идеја“, објаснил д-р Џастин Коулсон, кој е и самиот татко на шест деца.

Според него, не е вредно поради една фотографија детето да биде изложено на толку голем стрес.

Таквото однесување може да се поистовети и со насилство“, уверен е Коулсон.

Тој објаснил дека една ваква ситуација нема да остави голема трага во развојот на детето, но ако таквите ситуации се повторуваат, децата стекнуваат впечаток дека на родителите не им е важно како тие се чувствуваат.

Одделни родители постојано ги игнорираат детските стравови, чувствата и тагата која ја изразуваат. Не им придаваат доволно на значење затоа што се деца, а тоа кај нив може да создаде некои одредени психички проблеми кога ќе пораснат“, заклучил овој доктор, пренесува Дејли Мејл.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]