Дали и вашето дете има Пепа ефект?

Многу мајки се загрижени затоа што нивните деца сѐ почесто зборуваат и се однесуваат како популарниот анимиран лик - Прасенцето Пепа. На интернет страницата Romper е објавен текст во кој една мајка открива дека нејзиното дете почнало да користи британски акцент и да грофта. Станува збор за таканаречениот „Пепа ефект“.

0
344

Во популарниот детски анимиран филм Прасето Пепа, главна улога има прасето Пепа и многу деца се поистоветуваат со него и се обидуваат да го имитираат.

Мојата тригодишна внука има британски акцент по гледањето на Прасенцето Пепа и љубоморна сум“, открива една корисничка на Твитер.

За овој чуден феномен проговорила и уште една мајка. „Бев возбудена кога мојата ќерка почна да го гледа „Прасето Пепа“ затоа што мислев дека ќе го совлада неодоливиот британски акцент, но сѐ што научи беше да грофта како прасе“.

Благодарение на Прасето Пепа мојот двегодишен син кој не бил никаде освен во Вашингтон, Орегон и Калифорнија, има солиден британски акцент“, вели трета.

Гласот на Прасенцето Пепа му го позајмува 17.годишната Харли Брд која со оваа работа заработува илјада фунти од час.

Децата така го привлекуваат вниманието на возрасните, сметаат стручњаците.

Стручњаците сметаат дека овој феномен всушност не е толку чуден и не би требало да ги загрижува родителите. Наведуваат дека е тоа всушност начин како децата стари од две до пет години комуницираат и го привлекуваат вниманието на возрасните.

Замислете да имате помеѓу две и пет години. Всушност немате голема мож во овој свет. Децата во овој случај гледаат дека со некои зборови или звуци можатда го привлечат вниманието на родителите и тоа е за нив неверојатно“, објаснува д-р Ема Брн. Истовремено, ликот на прасето Пепа е смирен и скока по калливи барички, а за децата е тоа прва средба со комедијата.

Смеата е неверојатно делотворна алатка за комуникација помеѓу луѓето, особено кога некој ви возвраќа. Децата имаат чувство на припадност“, додава д-р Брн и порачува што повеќе да им се смеете на шегите на своето детезатоа што е тоа нешто најсилно што можете данаправите за нив.

Деновиве беше обелоденет и случајот на едно две и полгодишно дете од соседна Србија кое завршило на одвикнување од гледање на цртаниот филм „Прасето Пепа“ откако го гледало истиот по 7 часа на ден.

Тоа е најневеројатниот случај на зависност што во својата практика го забележал клиничкиот психолог Влајко Пановиќ.

Родителите го донесоа детето поради несекојдневно, бизарно однесување. Тоа им ги мирисало стапалата на гостите, се пикало под маса и квичело како прасе“, раскажува овој психолог за „Блиц“.

Кога случајот завршил во неговата ординација, Пановиќ ги прашал родителите дали детето можеби го гледа цртаниот „Прасето Пепа“, на што тие му одговориле потврдно и додале дека детето го обожава тој цртан и дека го гледа по 7 пати на ден.
Ако детето консумира некаква информација во толкаво количество, тие содржини стануваат доминантен дел од неговото искуство наспроти реалноста и затоа детето го репродуцира наученото однесување.

Решението уследи кога родителите го однеле детето надвор, на игралиште, и му понудиле други содржини, како што се скокање, играње на воздух со други деца…

По неколку дена детето престанало да го гледа цртаниот филм затоа што родителите му се посветиле на сосема поинаков начин.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]