Дали и вам ви се случило ова во овој нов КОВИД свет

Една анонимна жена од Велика Британија на родителскиот форум Mumsnet се пожалила на „екстремните мерки“ на нејзината пријателка со која биле на пикник со бебињата. Дали сте имале слична ситуација, што мислите вие, дали е ова премногу или напротив, ова е токму така како што треба да биде?

0
189

Една мајка од Велика Британија на родителскиот форум Mumsnet се пожалила на „екстремните мерки“ на нејзината пријателка со која биле на пикник заедно со своите шестмесечни бебиња. Според неа, однесувањето на нејзината пријателка, и покрај пандемијата на КОВИД-19, било чудно и претерано, но луѓето се поделени.

„Вчера се најдов со една пријателка за да одиме заедно на прошетка и пикник со нашите шестмесечни бебиња. Навистина едвај го чекав тоа, но целото попладне ми остави горчлив вкус во устата. Беше стресно и воопшто не уживав во тоа. Таа ме потсетуваше на неколку минути за време на прошетката дека треба да се држиме на растојание и дека сум ѝ се доближила до неа и нејзиното бебе на помалку од два метри“, напишала таа.

Вели дека таа не го сторила тоа намерно, но бидејќи одредени делови од патот биле тесни, било невозможно да се одржи растојанието.

„Донесов ручек, но количката ми беше полна, па ја прашав дали можам да го ставам во нивната количка. Ми рече дека не е безбедно затоа што го зголемува ризикот од ширење на корона. Јас молчев. Потоа седнавме да јадеме. Јас ѝ предложив бебињата да си играат, но таа предупреди дека и тие треба да држат дистанца. Кога заминувавме, ќебенцето на нејзиниот син падна од количката, па јас го зедов и ѝ го подадов, но таа не сакаше да го земе. Ми рече дека не треба да ги допирам нивните работи. Ѝ се извинив и споменав дека ги дезинфицирав рацете по излетот. На крајот таа не сакаше да оди со мене до автомобилот затоа што не можеше да се одржува дистанца, па ме поздрави и си замина“, објаснила жената, барајќи од луѓето совет за тоа како да ѝ помогне на пријателката да ја намали вознемиреноста за време на пандемијата.

Сепак, некои коментари на форумот отишле во друга насока. Односно, покрај оние кои ѝ порачале дека треба да си најде ново друштво, повеќето застанале на страната на нејзината пријателка, па ѝ рекле да размисли за сопственото однесување.

„За мене, нејзиното однесување не е екстремно, но твоето е премногу опуштено“, е еден од коментарите на форумот.

Што мислите вие за ова, дали вам ви се случило нешто слично?

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]