Дали знаете што е синдром на оттуѓување на родителите и колку е опасен?

Дури и ако вие сте оставени настрана, дури и ако сте оставени на грд начин, не гушете ја нивната љубов кон отсутниот родител кој се развел од вас, а не од нив.

0
517

Синдромот на отуѓување на родителите, кога едниот родител се обидува да ги сврти децата против другиот родител, е многу реален и вообичаен проблем. Иако тоа обично се случува по развод, исто така се среќава и во домови со двајца родители. Синдромот на оттуѓување на родителите, тврдат оние кои нивните мајки ги вртеле против нивните татковци или обратно, е еден од најтрауматските спомени од детството, па ако некогаш се најдете во таква можност, не го „трујте“ детето.

Не ги терајте да бираат страна и да се определуваат

Речиси секогаш е лесно да се манипулира со децата, па ако сте убедливи, тие ќе веруваат во секоја лага што ќе ја кажете за оттуѓениот родител. Иако ќе го сака во длабочините на душата, тој ќе подлегне на надворешните гласови, односно на вашиот глас кој зборува поинаку. Ова може да биде доста трауматично и збунувачко за децата, затоа што тие ќе се растргнуваат меѓу вас двајца, ќе имаат желба и потреба да ве задоволат, да бидат со вас, а суштината е во тоа да бидете покрај нив.

Не дозволувајте си себеси да паднете во стапица

Ако сте разведени, разделени, во фаза на развод или во сериозна кавга, сигурно е дека сте лути, бесни, навредени, повредени и дека не мислите ништо добро за вашиот партнер. Семејството и пријателите, природно, ќе бидат на ваша страна, тие ќе ве поддржат, ќе одобруваат сè што ќе кажете, и тоа воопшто не е добро затоа што децата слушаат, апсорбираат и се сеќаваат.
Синдромот на оттуѓување на родителите е ментална состојба и родителот кој го оттуѓува оној другиот често не сфаќа што прави, а понекогаш и не се грижи за последиците. А последиците можат да бидат ужасни.

Имајте на ум дека сè може да ви дојде и вам на глава

Со „труење“ на децата со приказни за другиот родител кој не го избрале тие, туку вие, особено ако сте разведени, се продлабочуваат рововите што ве раздвојуваат. Дури и ако вие сте оставени настрана, дури и ако сте оставени на грд начин, не гушете ја нивната љубов кон отсутниот родител кој се развел од вас, а не од нив. Знаете, лесно можете да се најдете во ситуација на вашето дете да му затреба совет, помош или авторитетот на другиот родител, но тоа нема да се случи доколку цело време работите против него.

А нема да ги има ниту оние заеднички убави моменти што треба да ги споделите – родендени, мали и големи матури, прослава на дипломи, свршувачки, свадби … И тогаш ќе ви биде жал.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]