Дали знаете што е караоке родителство?

Постојат многу стилови на родителство, исто толку колку што има и родители! Но, дали знаете што се хеликоптер родителство и караоке родителство? Два многу различни, но не нужно и секогаш добри стилови на родителство.

0
178

Секој што е родител знае колку е тешко да се справите со очекувањата, неизвесноста, стравот за иднината, но и сегашноста. Исто така, сите родители знаат колку е тешко да се биде родител, но и пријател, психолог, педагог, помошник, прва помош … Токму затоа понекогаш претеруваме мислејќи дека знаеме што е најдобро за нашите деца.

Хеликоптер родителство 

Хеликоптер родителите буквално лебдат над своите деца обидувајќи се да ја контролираат нивната околина, но и нивното однесување. Честопати се споменува во медиумите, па дури и во хумористични серии, како карикатура на денешното општество каде што децата се соочуваат со сѐ помалку предизвици, а родителите се вклучени апсолутно во сѐ.

Она што е проблематично во хеликоптер родителството е тоа што се обидува да го контролира секој аспект од животот на детето, како и да донесува одлуки во негово име.

Караоке родителство

Караоке е целосна спротивност на хеликоптер родителството! Родителите со карактеристики на караоке родителство честопати се обидуваат да се однесуваат како нивните деца. Овие родители буквално звучат и личат на нивните деца, како песна во караоке бар. Обид, но не и оригинал. Она што му недостасува на караоке родителот се авторитетот, карактер и граници што би требало да ги постават родителите.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]