Покрај сите необични работи за кои знаеме, а кои се случуваат во вашето тело за време на бременоста, има уште за кои некои од нас првпат ќе слушнат. На пример, дали знаевте дека содржината на сол во плодовата вода е еднаква на таа во морето?
Или пак, дали знаевте дека бебињата се раѓаат без чашка во коленото?
Жените постари од 40 години главно раѓаат левораки деца.
Првите мозочни бранови на бебето можат да се снимат уште од 40 денови на бременоста. Бебињата во матката слушаат уште во 12.недела и веднаш по раѓањето ги препознаваат гласовите на родителите.
Или пак, дали знаевте дека кога спие, бебето во стомакот и сонува? Со тоа се поттикнува развојот на неговите мозочни клетки.
Близнаците развиваат посебен однос уште додека се во матката.
Бебињата создаваат звучни вибрации уште од 18.недела на бременоста. Околу 30.недела на бременоста бебето се врти кон изворот на светлина кога на пример на стомакот на мајката ќе се доближи батериска лампа.
Хормонот прогестерон учествува во механизмот кој спречува текото на жената да го отфрли ембрионот како што би го отфрлило секое друго туѓо тело со поинаква ДНК.
Новороденче старо три дена реагира на мирисот на ткаенина натопена во плодовата вода на својата мајка такашто престанува да плаче.
Фото: Pixabey