Дали е поздраво да се биде дома без градник? Науката има одговор и тој би можел да ве изненади

Сега кога работиме, учиме и студираме дома, а за викенд не излегуваме, многу работи се променија и се поставуваат многу прашања. Едно од нив е: дали сè уште треба да носиме градник?

0
1004

Еве што вели науката за тоа – дали е поздраво да се биде без градник или не? Не се движиме премногу за време на корона кризата, зарем не? Што е тогаш навистина поздраво? Со или без градник?

Без градник за време на изолацијата поради корона? Сеедно е дали е корона-криза или не: сè повеќе жени одлучуваат да не носат градник. Особено жените со помали гради не гледаат смисол поентата да стават уште еден слој ткаенина под маицата. Меѓутоа, како и за многу теми, и за оваа мислењата се поделени.

Некои жени го гледаат градникот како поддршка – особено при секојдневното движење или спорт. А други сакаат да испробаат како е да се биде без градник, но поради стресот на работното секојдневје, досега немале шанса…

Дали треба да ги запалиме своите градници?

Што вели науката за тоа дали треба да носиме градник или не? И, очигледно има поделени мислења за оваа тема. Францускиот лекар Жан-Денис Руилон тестирал 320 испитанички за да дознае како ќе делува одрекувањето од градникот на ткивото на дојките.

Тој забележал дека речиси кај сите испитанички мускулното ткиво се напнало. Освен тоа, испитаничките повеќе немале болки во грбот и полесно доаѓале до воздух. Делумно, градите дури и се подигнале. Во некои случаи, и брадавиците исто така се подигнале малку нагоре.

Пред да излезете во дворот со запалката и градниците, мора да ви кажеме дека можеби премногу рано се радувате; имено, испитаничките во ова истражување имале претежно градник со големина помеѓу Б и Ц. Руилон самиот рекол дека бремените, оние со вишок килограми или постарите жени не треба да се откажуваат од градниците. И големината на градите исто така игра значајна улога. Имено, колку се поголеми и потешки градите, толку повеќе градникот може да помогне.

Дали е градникот штетен?

Околу градниците се вртат многу тврдоглави гласини. На пример, освен што наводно го ослабнува ткивото, наводно, предизвикува и рак. Меѓутоа, нема никаква врска помеѓу добар градник и какви било болести. Само треба да внимавате вашиот градник добро да ви стои. Ако некој сака да го искористи карантинот и конечно да испроба како е да се биде без градник – може да го направи тоа!

Иако не постои јасен одговор дали е тоа поздраво или не, ние мора сами да одлучиме како ќе одиме наоколу – со или без градник…

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]