Расправата околу тоа дали родителите треба да ги бакнуваат своите деца во уста најчесто ја поттикнуваат фоторафиите што одвреме навреме ги објавуваат познатите на социјалните мрежи.
Во клубот на оние за кои таквиот израз на нежности е прифатлив и нормален се светските мегаѕвезди – Викторија и Дејвид Бекам, Џесика Симпсон, Џенифер Лопез, Хајди Клум, Џесика Алба.
И покрај бројните полемики на оваа тема, досега немаше никакви докази никакви докази кои би упатувале на тоа дека е ова лошо за здравјето на децата, меѓутоа, според изјавите на стоматолози цитирани од „Мирор“, ова може многу да им наштети на децата. Стоматолозите веруваат дека најзагрозени се децата кои се уште имаат млечни заби.
Причината за ова е тоа што флората во устата на бебињата не е подготвена да ги издржи бактериите од устата на возрасните. Млечните заби се кревки и нивниот состав не може да се спротивстави на таквите микроорганизми, кои се наоѓаат во устата на возрасните.
Една од поопасните бактерии која е многу веројатно дека може да премине и во устата на детето преку плунката на возрасниот е Streptococcus mutans, а млечните заби против оваа бактерија немаат речиси никакви механизми за отпор.
Многу е веројатно да биде пренесена и HSV 1, бактерија која предизвикува херпес и може да испровоцира воспалителни процеси во грлото и носот на детето.
Дали виуе ги бакнувате своите деца во уста?