Дали е ова најлошото време за родителство?

Според неодамнешното истражување спроведено во САД и Канада, дури 88 проценти од родителите веруваат дека е така.

0
422

Несомнено е дека родителството денес е нешто поразлично од родителството пред 30 или 40 години. Родителите денес се соочуваат со проблеми кои никогаш претходно не постоеле, како на пример, како да се ограничи времето што го поминуваат децата пред екраните, кога да им дадат мобилни телефони и како да ги заштитат од разни закани на Интернет.

Разбирливо, тие не можат да добијат одговори за овие прашања од нивните родители, бидејќи тие за споменатата проблематика знаат уште помалку. Дали ова значи дека одгледувањето на децата е потешко денес отколку порано? Според неодамнешното истражување спроведено во САД и Канада, дури 88 проценти од родителите веруваат дека е така.

Како главни причини ги наведуваат одвраќањето на вниманието на децата од социјалните мрежи, предизвиците со кои таму се соочуваат, фактот дека и двајцата родители работат, нефункционалното однесување на децата, зголемениот број на врсничко насилство и злоупотреба и прашањето за безбедноста во училиштата. Без оглед на тоа дали ова е навистина најтешкиот период за родителите, ваквата перцепција довела до тоа речиси две третини од родителите да искусат нешто како „родителско исцрпување“.

Според Нил Д. Браун, тоа е термин кој опишува состојба на физичко, ментално и емоционално исцрпување и ги остава родителите со чувство на хроничен замор што може да доведе до депресија, вознемиреност и болест.

Бидејќи 40 проценти од родителите изјавиле дека тоа исцрпување силно влијаело врз квалитетот на нивниот живот, а 49 проценти сметаат дека тоа донекаде влијаело на квалитетот на нивниот живот, време е работодавците да започнат да размислуваат за споменатиот проблем.

„Запрепастувачки е да се погледне бројот на случаи на родителска исцрпеност вработените родители во САД и да се разбере какви се сите импликации, како што се дополнителните трошоци за компаниите. Промовирањето на здраво родителство секако ќе стане една од придобивките што компаниите ќе им ги нудат на своите вработени во иднина”, смета аналитичарот Дејв Мареј од мрежата БПИ.

Исцрпувањето на родителитете има последици не само врз засегнатите лица, туку и врз сите други членови на семејството. Според друга студија, неговиот ефект во предизвикувањето семејни расправии, проблеми со спиењето, зависности и насилство, е сличен на оној што произлегува од пукањето под притисок на работа. Додека работодавците сигурно треба да го решат овој проблем, голем дел од решението лежи во тоа како самите родители ќе се постават.

Докажано е дека реалното поставување на одредени родителски цели во крајна линија го намалува ризикот од исцрпување на родителите. На крај, вреди уште еднаш да се напомене дека времето што ќе го оставите само за себе е клучно за одржување на вашето здравје.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]