Дали е лошо бебето да се заспива со доење?

Како и со сè во врска со родителството, постојат многу различни мислења за бебињата и начинот на нивното заспивање. Додадете ѝ го на таа тема и доењето и ќе имате загарантирана дебата.

0
339

Мајките што дојат често ги заспиваат своите бебиња токму така, па затоа е нормално да се запрашаат дали е тоа лошо и како нивното бебе ќе заспива еден ден кога веќе нема да им биде на градите.

Педијатарот Џина Поснер за порталот Ромпер вели дека сè зависи од тоа како се чувствува мајката.

Ако сакате вашето бебе да зависи од доењето како метод на заспивање, тогаш тоа е во ред. Но, кога бебето ќе добие запчиња, не е добра идеја да пие млеко пред да заспие. Многу мајки не сакаат да се обврзат на таков начин па го избегнуваат доењето како облик на заспивање“, објаснува тој.

Советничката за доење, Диди Франке не гледа ништо лошо во доењето на бебето во првите четири до шест месеци од нивниот живот. Сепак, советува да го префрлите бебето во креветче додека се уште не е целосно заспано. Од друга страна, советничката Ребека Костело објаснува дека „еден од најубавите аспекти на доењето е тоа што помага да се смири вознемиреното бебе или да му помогне на премореното бебе да заспие“.

„Како што расте вашето бебе, можеби ќе сакате да ја прекинете врската помеѓу доењето и спиењето. Добро е кога ќе престанете да го доите, бебето да знае да заспие на некој друг начин”, предупредува таа.

„Најдобриот совет што можам да го дадам е да ги разберете фазите на развој на детето и неговата потреба за сон, да научите да ги препознавате раните знаци на замор кај детето и да создадете рутина. И запомнете, како и да изберете да го заспиете вашето дете, ниту еден начин не е лош“, додала Поснер.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]