Дали е добра идејата бебето да си игра со балони на овој начин? (ВИДЕО)

Овие родители ги врзале балоните за рацете и нозете на бебето и тоа одлично се забавува, но иако изгледа слатко и практично, многумина коментираат дека идејата е лоша.

0
456

На Фејсбук се појави видео со слатко бебенце кое на рацете и на нозете има заврзани балони со хелиум, оние кои летаат и им се забавни на малите деца.

Бебето има совршена забава, но некој кој веќе го направил истото со своето бебе, во коментарите под видеото сугерира зошто е оваа слатка идеја всушност лоша.

Прво, забавата трае 20 секунди, што е премногу кратко време за да се исплати инвестицијата во 4 балони наполнети со хелиум.

Второ, забавата е опасна затоа што врвките од балоните лесно можат да се заплеткаат околу рацете и нозете на бебето па оваа забава би било добро да се одвива само во присуство на некој возрасен.

Трето, ако е родителот веќе присутен и фокусиран на бебето додека тоа се забавува со балоните, можеби е подобра варијанта и самиот да си игра со бебето.

И ако бебето знае да зборува, веројатно ќе ја одбере таа варијанта.

Наместо да му врзувате балони, играјте си самите со своето бебе и верувајте дека тоа подобро ќе влијае на неговиот развој.

Posted by Dành cho Con on вторник, 20 Февруари 2018

[better-ads type='banner' banner='999' ]