Дали е вашето дете навистина „посебно“?

Хипер-активно, хипер-паметно, хипер-поинакво...размислете добро пред да го наречете така

0
462

Пред да го наречете своето дете хиперактивно, хиперчувствително или го декларирате на кој било начин како посебно, добро размислете дали е тоа навистина така, дали е вашето дете толку посебно и поинакво и што всушност правите со тоа што се однесувате со него на таков начин.

Моето хиперчувствително дете бара посебно внимание“

Не можам да го натерам да јаде, едноставно е такво“

Кога нема да го добие тоа што го сака, настапуваат изливи на бес кои ги нарекуваме тантруми – затоа што е тој целосно поинаков и таков е“

Мирен е само кога има телефон во рака“

Него го интересираат само игрици“

Хипер-активни, хипер-паметни, хипер-поинакви …еден ден сепак ќе мораат да си заминат откај нас. Со себе ќе ја понесат и таа етикета која сме им ја залепиле. И понатаму ќе мислат дека се поинакви, ќе бараат посебно внимание, ќе реагираат бурно на сѐ што не е по нивно и што потоа?

Дали и светот ќе биде така хипер-чувствителен за нивните потреби? Или е проблемот во светот? Тој нечувствителен, грозен, страшен свет во кој ги праќаме нашите деца е токму таков ако така им го претставиме на децата.

Децата учат за себе преку нашиот однос со нив

Пред да го наречете своето дете хипер-активно, хипер-чувствително или го декларирате на кој било начин како посебно, добро размислете дали е тоа навистина така, дали е вашето дете толку посебно и поинакво и што всушност правите со тоа што се однесувате со него на таков начин.

Освен во случај кога дефектолозите и невролозите ќе проценат дека имате хипер-сензитивно дете кое навистина реагира на малку посилен звук, светлина и слично, или хипер-активно кадешто таа хиперактивност навистина ја надминува развојно здравата засилена активност кај децата, немате причина да го третирате своето дете на посебен начин.

Секое дете е единствено и секое дете, вклучувајќи ги и децата со пречки во развојот имаат потреба да си играат, да се дружат, да спијат, да јадат…но и да се подготват за живот во реалниот свет.

Врз основа на начинот на кој се однесуваме кон детето тоа ќе создаде слика за самиот себе. Ако вие го доживувате како специјално чувствително или поинакво, и тоа ќе формира за себе таква слика. Како сакате детето да се гледа себеси кога ќе порасне? Токму така третирајте го уште сега.

Светот е таков каков што го доживувате и тоа сигурно во голема мера ќе го пренесете и на своето дете. Како вие го гледате овој свет: Дали е сѐ црно и непоправливо или животот има и свои убави страни? Дали се чувствувате прифатено во светот кој ве опкружува? Дали е светот опасен? Какви се луѓето околу вас?

Ти си посебен, но светот тоа не го разбира“

Другите деца се себични“

Гледаш колку си ти добра, а види ги нив“

Воспитачката излегува на крај со дваесет и повеќе деца, но не разбира и не знае со тебе, затоа што си ти посебен, поинаков, специјален…„Светот нема осет за твоите потреби, ти си прекрасен, но светот е едно грозно и страшно место, но не се грижи, јас сум тука за да те заштитам, да те зачувам, спасам, да направам сѐ наместо тебе“.

Дали е тоа светот во кој сакате да го испратите своето дете?

И не, виенема да бидете секогаш тука, и нема секогаш сѐ да биде по негово. Но ако поинаку, пред сѐ, вие, гледате на светот, а потоа така реалистично и убаво и грдо и лесно и тешко му го претставите на детето, тоа ќе знае дека во животот го очекуваат различни ситуации во кои ќе мора да се снајде и да се прилагоди еднакво вреднувајќи се себеси, другите и светот кој ги опкружува.

Наша задача е да ги оспособиме децата за живот кога нас повеќе нема да не има.

Постојат различни ситуации, некои се убави, а некои не се. Некои се полни со предизвици, а некои се полни со многу предизвици. Постојат и различни начини на однесување, некои се во ред, а некои не се. Реакциите соодветни на возраста и оние кои тоа не се.

Нема да го сакате помалку вашето дете ако му го усмерите однесувањето на вистинската страна. Нема да го сакате помалку ако не му ја исполните секоја желба. Можеби ќе ви се причини дека тоа ве сака помалкуно само во моментот на бес кој е исто така нормален и составен дел од целата лепеза на емоции кои детето треба да ги доживее и почувствува. Ќе ве сака повеќе, особено кога еден ден ќе сфати дека токму вие сте го направиле способен за живот.

Да се поддржи развојот на детето значи токму тоа. Да му укажете дека тоа може сѐ, дури и кога е тешко.

Вашето дете е здраво-така и третирајте го

Вашето дете е во ред-така и третирајте го

Вашето дете е способно-така и третирајте го

Вашето детете е везбедно-така и третирајте го

Другите луѓе се во ред – така и претставете му ги на детето.

Светот е безбедно место за живот си сите свои предизвици – така и претставете му го на детето.

Само од таа позиција во која детето има позитивна слика за себе, за другите луѓе и за светот кој го опкружува, тоа може да порасне во здрава единка, личност способна да плива во морето од предизвици, да се радува и да го сака животот што сте му го подариле.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]