Она што во моментов е прилично јасно е дека децата играат значајна улога во ширењето на болеста СОВИД-19 која е предизвикана од коронавирусот. Тие се мали преносители и затоа училиштата се затворени, а децата се во своите домови. Покрај тоа, јасно е и дека возрасните постари од 65 години спаѓаат во ризичната група, кога станува збор за заболување од коронавирус, пренесува Huff Post.
Што навистина значи ова за семејствата кои се прашуваат дали децата можат да ги посетат бабите и дедовците, како и за оние што живеат со нив под ист покрив?
Видео разговорот е засега подобра опција
Некои луѓе не се целосно свесни за тоа што значи социјалното дистанцирање во праксата, такашто американскиот центар за контрола и превенција на болести издаде специјален водич за стари лица објаснувајќи дека треба да преземат дополнителни чекори за да се дистанцираат од другите луѓе кои можеби шират COVID-19.
Причината поради која постарите луѓе се поподложни да се разболат и да развијат сериозни симптоми на COVID-19 е тоа што веќе имаат барем една хронична состојба. Исто така, проблемот може да биде и во промена на имунолошкиот систем низ кој телото минува како што старее.
„Сега, најбезбедно нешто што можете да направите е да им овозможите на вашите деца да разговараат со нивните баби и дедовци преку телефон или видео повик“, истакнала здравствената работничка Хејзел Хелт.
Најдобро е да се игра на сигурно – да држите дистанца.
Не можете да бидете сигурни дали детето е заразено
Иако не е точно дека децата се имуни на коронавирус, се појавуваат сè повеќе докази дека здравите деца развиваат само благи симптоми на болеста. Иако ова е добра вест кога станува збор за децата и нивната состојба, тешко е да се препознае дали тие го пренесуваат или го емитираат вирусот преку кашлање, назален секрет или преку фекални материи.
Тековните податоци сугерираат дека COVID-19 може да се пренесе за време на периодот на инкубација кога некој бил изложен на вирус, но сè уште не покажал симптоми. Затоа, најдобро е да избегнувате собири со вашите баби и дедовци, без оглед на вашата самоизолација и вашиот ограничен физички контакт со луѓе надвор од семејниот дом.
Овие активности треба да ги зачуваат животите на нашето најранливо население.
Тековните податоци сугерираат дека COVID-19 може да се пренесе за време на периодот на инкубација кога некој бил изложен на вирусот, но сè уште не покажал симптоми. Затоа, најдобро е да избегнувате средби со бабите и дедовците, без оглед на тоа што сте во самоизолација и што сте го лимитирале физичкиот контакт со луѓето надвор од семејниот дом.
Овие активности треба да ги зачуваат животите на нашата најранлива популација.
Миењето на рацете е најважно во одбраната против вирусот, ако децата живеат со бабата и дедото
За семејствата кои живеат во домот со нивните баби и дедовци, хигиената е клучна одбрана против вирусот. Бидете сигурни дека секој член на домаќинството редовно ги мие своите раце и не го допира лицето. Ова е најдобриот начин да се спречи ширењето на новиот вирус. Се разбира, ако некој во домаќинството се сомнева дека е заразен или е потврдено дека страда од вирусот, мора да се преземат итни чекори, за да се изолира лицето или оние кои заболеле.
Без разлика дали живеете заедно или одделно, семејствата можат да го сочуваат животот и здравјето на своите постари членови.
Фото: Pixabey