Дали е безбедно да се користи мобилен телефон за време на бременоста?

Новото истражување кое анализирало податоци за 45.389 двојки мајки и новороденчиња чиј напредок бил набљудуван од 17-та недела од бременоста до петтата година од животот на детето. Секоја мајка поднесувала извештај во 17 и 30 недела од бременоста за тоа колку често го користела својот мобилен телефон. Потоа, кога децата се родиле, на возраст од три и пет години, истражувачите ги проценувале нивниот јазичен развој и моторичките способности.

0
128

Според новата студија, електромагнетните полиња од мобилните телефони не претставуваат ризик за нероденото бебе или бремените жени. Всушност, резултатите сугерираат дека мобилните телефони може дури и да имаат позитивен ефект врз фетусот.

„Нашето истражување откри дека употребата на мобилни телефони всушност може да има позитивно влијание“, вели коавторот на студијата Јан Александар од Норвешкиот институт за јавно здравје и објаснил: „Поконкретно, употребата на мобилни телефони за време на бременоста беше поврзана со помал ризик од тоа детето во првите три години од животот да има слаби говорни и моторички способности“.

Ова се резултатите од неколку претходни студии кои ја поврзаа пренаталната употреба на мобилните телефони со проблемите во однесувањето кај децата. Но, голем број претходни истражувања, вклучително и големи холандски и шпански студии, го доведоа во прашање сомневањето дека мобилните телефони можат да му наштетат на фетусот или да влијаат на неговиот развој. Нејасните податоци ги натерале Александар и неговите колеги да направат голема студија за тоа како употребата на мобилни телефони за време на бременоста влијае врз долгорочното ментално здравје на детето.

Тие анализирале податоци за 45.389 двојки мајки и новороденчиња и го набљудувале нивниот напредок од 17-та недела од бременоста до петтата година од животот на детето. Секоја мајка поднесува извештај во 17 и 30 недела од бременоста за тоа колку често го користела својот мобилен телефон. Потоа, кога децата се родиле, на возраст од три и пет години, истражувачите ги проценувале нивниот јазичен развој и моторичките способности.

Откако ги зеле предвид возраста на мајката, образованието, карактерот, колку години имала за време на породувањето и други фактори, истражувачите откриле дека децата чии мајки користеле мобилни телефони покажале 31 процент помалку тешкотии во говорот на три години, во споредба со децата на мајките кои не пријавиле употреба на мобилни телефони и 18 проценти помал ризик од неразвиени моторички вештини. Тие не нашле никаква врска помеѓу пренаталната употреба на мобилни телефони и недостаток на комуникациски вештини, наведува Fatherly.

Но, фетусот подоцна во детскиот период не станал „попаметен“ само затоа што бремените жени користеле мобилен телефон.

Авторите посочуваат и други ограничувања – студијата се потпирала на извештаи од самите бремени жени, а бидејќи траел помеѓу 1999 и 2008 година, тешко е да се направи разлика помеѓу мајките кои користат паметни телефони и оние кои користеле старомодни модели на мобилни телефони.

Затоа, Александар и неговиот тим се претпазливи во толкувањето на позитивните резултати од употребата на пренатална употреба на мобилни телефони.

„Корисните ефекти за кои известуваме треба да бидат толкувани со претпазливост, заради ограничувањата вообичаени во опсервациските студии“, вели тој и заклучува: „Но, нашите наоди барем треба да ја ублажат загриженоста на мајките за користење мобилни телефони додека се бремени“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]