„Одлучивме нашето дете во првите 4 до 6 недели да не го види, ниту да го држи во раце никој друг освен ние и нашата постара ќерка. Првиот пат бевме буквално преплавени со посетители и затоа ја донесовме оваа одлука. Пријателите се согласија, но не и членовите на семејството. Мајка ми ми кажа дека се чувствува грозно зашто е исклучена од првиот месец од животот на својата внука“, напишала оваа мајка.
Таа додала дека се чувствува страшно затоа што со оваа одлука ја вознемирила својата мајка и дека ѝ ветила дека секојдневно ќе ѝ испраќа фотографии од бебето.
Сепак, рекла таа, знам дека постапивме правилно.
По ова следувале голем број критики од сите страни.
„Ова е неразумно и злобно од ваша страна“, ѝ порачала една корисничка на форумот.
„Го почитувам вашиот избор, но мене ми е тоа многу чудно. Колку повеќе луѓе го сакаат и го поддржуваат вашето дете, толку подобро за него“, додала друга.
„Јас би била многу повредена кога не би смеела да ја видам својата внука. Ако сте блиски со семејството, ќе биде многу тешко да не се гледате со нив идните 6 недели“, напишала една мајка.
„И мене ова би ми било необично. Замислете вие да не можете да го видите своето внуче! Од што се плашите толку многу?“ – напишала четврта.
Што мислите вие за сето ова, какво е вашето искуство?
Фото: Pixabey