Дали доволно го познавате своето дете?

Откријте колку знаете и што се сменило во животот на вашето дете.

0
179

Знаете ли што го радува најмногу, а што го растажува? Што му влева самодоверба, а што го обесхрабрува? Одговорите на овие прашања не се фиксна категорија, и како што расте детето, така се менуваат и неговите интереси, друштвото, преференците… Запознајте го подобро своето дете преку одговорите на следните прашања:

Кој е најдобриот пријател на вашето дете?

Кого го смета за најголем јунак?

Од што најмногу се срами?

Кој му е омилен вид на музика?

Кој му е омилен училишен предмет, а кој не го сака?

На кои свои успеси е најмногу горд?

Што му пречи најмногу во семејството?

Кога би можеле да му купите на вашето дете било што на светот, што би одбрале?

Што може многу да го налути?

Со што сака да се занимава кога ќе порасне?

Што беше најголемо разочарување за вашето дете оваа година?

Каков подарок најмногу би го израдувал?

Која книга (а тоа да не е задолжителна училишна лектира) вашето дете неодамна ја прочитало?

Која му е омилената храна?

Со каков прекар го нарекуваат училишните другари?

Кој предмет од оние кои ги поседува, му е најскапоцен?

На што се сеќава со задоволство?

Поведете разговори со детето на овие теми, откријте колку знаете и што се сменило во животот на вашето дете. Секако, разговорот може да биде и двонасочен за да може вашето дете да ве запознае и вас. Зборувајте му за вас додека тоа ви зборува за себе. Блискоста која ја создава убав разговор е непроценлива.

Кажете ни кој негов одговор најмногу ве изненади?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]