Дали двојките без деца имаат посреќен брак?

Резултатите од едно американско истражување покажале дека брачните партнери се поздрави и децата им се поуспешни на училиште од оние на невенчаните двојки, но и дека двојките без деца биле посреќни од оние кои станале родители.

0
544

Едно американско истражување спроведено на околу 5.000 двојки покажало дека венчаните двојки биле многу посреќни од оние што живеат во вонбрачна заедница.

И покрај тоа што животот во брак подразбира и доста преиспитувања на сопружниците за квалитетот на нивниот однос, сепак се позадоволни од  својот живот отколку невенчаните двојки. Исто така, брачните партнери се поздрави и децата им се поуспешни на училиште.

Резултатите покажале и дека двојките без деца биле посреќни од оние кои станале родители.

Имено, родителството доведува до расправи за недостаток на секс кој се јавува во бракот по раѓањето на детето, потврдено е со истражувањето. Особено на мајките им било здодеано да ги одбиваат барањата за секс.

Интересно е и тоа што двојките оцениле дека во врската/бракот најмногу им значат ситниците, како што е мала помош дома или носење кафе или чај во кревет. Многу учесници изјавиле дека ваквите гестови во секунда можат да ги смират и да им го истераат стресот, како и да им значат подеднакво како и изјавата – те сакам.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]