Дали ви се случило луѓето да превртуваат со очи заради вашите деца во авион, ресторан, кино…

Очекуваме жените да не носат бебиња во рестораните, црквите или во авионите и да ги натераат да се однесуваат совршено. Оваа филозофија не е само тажна, туку поставува неразумни очекувања од мајките, вели Џенифер Фулвилер, мајка на шест деца.

0
131

Апелот на комичарката Џенифер Фулвилер, инаку, мајка на шест деца, до авионските патници кои се лутат кога бебињата плачат предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Џенифер Фулвилер објави видео во кое им се обрати на родителите кои имаат намера да патуваат со своите деца ова лето, но и на оние кои патуваат сами.

„Ако патувате со мали деца ова лето и тие стануваат бучни, одвојте една минута и кажете им на другите патници околу вас дека ви е жал и дека знаете дека тоа не е нешто на што се навикнати. Знаете, во многу култури звукот кои го произведуваат нервозни бебиња е знак на изобилие и Божји благослов. Но, нашата постмодерна култура ги гледа бебињата како товар”, вели мајката на шест деца и продолжува: „Очекуваме жените да не носат бебиња во ресторани, цркви или авиони и да ги натераат да се однесуваат совршено. Оваа филозофија не е само тажна, туку поставува неразумни очекувања од мајките“.

Таа вели дека наместо тоа, луѓето треба да ги поддржуваат бебињата во јавните простори.

„Вистински напредна култура би ги поздравила овие бебиња и сите непријатности што доаѓаат со нив. Ако моето бебе плаче за време на летот, ве молам, знајте дека сум многу поголем стрес од вас. Само насмевнете ми се љубезно и кажете ми: ‘Еј, супер ти оди, твоите деца се добредојдени во овој авион и сите сме заедно во тоа’, вели таа.

@jenniferfulwiler

Important tip for #familytravel 😂 #momsofbabies #sketchcomedy

♬ original sound – Jen Fulwiler

Нејзината снимка собрала скоро 90.000 прегледи, но додека главно, мајките ја поддржувале, има и такви што мислат дека не е во право.

Што мислите вие? Како реагирате кога патувате некаде, а во седиштето зад вас или пред вас, некое дете вреска на цел глас, или додека се излежувате на некоја плажа, а децата на семејството до вас, не престануваат да викаат, да трчаат и да се прскаат?

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]