Канаѓанката Тори Халпин покажала на каква рутина го учи своето бебе од првиот ден, односно откако си дошле дома од болницата. Таа верува дека така нејзиното дете усвојува здрави навики за спиење.
Нејзиниот прв совет е да го ставите бебето во кревет будно.
„Ако бебето е немирно или плаче, подигнете го и утешете го, но практикувајќи ја оваа техника, бебето ќе научи да не зависи од вас кога ќе заспива“, верува Халпин.
Потоа вели дека дневниот сон не треба да трае повеќе од два часа. Таа, исто така, го повива своето бебе, што е стара техника за смирување на бебето. Истото го прави дури и за време на прошетките со количка.
„Тоа ќе сигнализира до мозокот на бебето дека е време за спиење. Направете го тоа и за ноќното спиење, освен ако не е премногу топло”, вели оваа мајка.
Таа го храни своето бебе на секои 2,5 до 3 часа, но вели дека никогаш не го заспива со полн стомак. Исто така користи и смирувачки бели звуци и вели дека е важно бебето да е доволно долго будно за да се умори и да може потоа да задреме.
„Моја препорака е детето да има циклуси на будност кои траат од еден до два часа“, вели таа.
Додека на некои им се допаднале нејзините идеи, многумина велат дека планот е премногу ограничен и тешко може да се следи.
„Ова не е сигурно и не треба да им се советува на другите. Новороденчињата не можат да имаат распоред за хранење, и ако тоа функционира кај вашето дете, не треба да им се советува на другите”, напишал друг.
„Ова е толку нереално“, „ми звучи исцрпувачки“, велат други.
Фото: Инстаграм