Дали вашето дете често пие сок од тетрапак?

Овие сокови се можеби практични и ви изгледаат како подобра варијанта од газираните, ама сепак не се препорачливи за често консумирање затоа што содржат премногу шеќер.

0
550

Родителите често им купуваат на децата сокови во тетрапак, особено оние во мали пакувања кои се практични за на училиште или кога децата одат на екскурзија.

Но тие дефинитивно не се здрави.

Без оглед на тоа што на пакувањето пишува ‘овошен сок’, тука не станува збор за пијалок полн со витамини и минерали. Овошната содржина и природниот вкус често се ‘збогатуваат’ со засилувачи на вкусот, со додавање на шеќер и бои, а тоа долгорочно предизвикува расипување на детските запчиња и може да влијае на зголемување на тежината.

Соковите во мал тетрапак обично на еден децилитар содржат околу 55 грама шеќер. Затоа на родителите им се советува детално да го проучат списокот на состојки на декларацијата.

Како алтернатива за нив, германските стручњаци ја препорачуваат обичната вода. Тие препорачуваат водата да се ароматизира со парченца од омиленото овошје на детето, а може да се додаде и малку сок од лимон или некој друг агрум и неколку ливчиња мента. Или пак, за полесно да ја прифатат промената, разредете го сокот од тетрапак  со три дела вода.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]