Дали вашето дете често вели: сам/сама ќе го направам тоа?!

Независното дете е доказ за здрава и цврста врска со родителите. Прифатете го денешното „сам/сама ќе“ затоа што така создавате основа за утрешното „јас“.

0
456

Кога децата се сигурни во цврстата врска со родителите, нивната енергија се усмерува на истражување, различни интереси, формирање идеи, па дури и поставување на некои цели.

Малите деца ова го изразуваат со зборовите „сам/сама ќе“. За вашето тригодишно дете тоа може да значи дека сака само да го врзе безбедносниот појас во автомобилот, а за вас тоа „сам ќе“, веројатно значи дополнителни 5 минути кога некаде сте тргнале да одите.

Потребата за допир, сигурност, топлина, врска и припадност е силна кога децата се мали и голем успех е да се изгради таква врска. Силните врски ги држат децата цврсто на земја додека чекорат низ животот.

Кога помладите деца ќе ви кажат дека сакаат да направат нешто „сами“ тие така ги поместуваат своите граници. Животна снага да станеме единствени и независни луѓе постои во секој од нас но клуч за нејзино актвирање е токму создавањето врски. Силната врска со родителите влијае на децата да станат свои луѓе и да се водат во животот од сопствените желби, идеи и склоности.

Најважните работи кои ги сакаат родителите за своите деца се независност и одговорност. Тоа не можеме да ги научиме но можеме да им олесниме во текот на растењето. Патот до „сам ќе“ и до незавосноста води преку задоволувањето на нивната потреба за врзување.

Кога се децата сигурни дека ќе бидеме секогаш тука за нив и дека имаат дом кадешто можат да се вратат, спремни се сами да откриваат нови места. Сите ние сакаме да се чувствуваме сигурно и врски кои не држат на место.

Ако сакаме децата да ги поместуваат своите граници и самите да сфатат колку можат не треба да ги туркаме туку да ги задоволим сите нивни потеби. Кога ќе сфатат колку им даваме во некој момент ќе посакаат сами да го пробаат тоа. Немојте да се лутите, туку бидете горди на плодовите на своето воспитување.

Целта на родителството е детето да стане самостојно суштетство. Иако денешното „сам ќе“ делува мало и безначајно тоа е почетна цигла за подготвување за адолесценцијата и подоцнежното преминување во возрасно доба. Ќе ја исполни празнината која се јавува во тој период на премин, истовремено намалувајќи ја врзаноста за родителите со „сам ќе“ енергија на школник.

Кога ќе видите возрасен човек со ваква енергија не можетеа да не му се воодушевувате и да не размислувате за родителите кои стојат зад тој успех. Тоа се родители кои развиле цврста врска со своето дете но и му дале доволно простор за да стане свој човек. Прифатете го денешното „сам/сама ќе“ затоа што така создавате основа за утрешното „јас“.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]