Таа прободувачка болка најчесто поминува до утрото, но за детето е тоа слаба утеха, велат германските педијатри.
Ако сакате малку да му ја заблажите болката обидете се со блага масажа на листовите и мускулите на бедрата. Педијатрите велат дека може да помогне и ставањето мраз на мускулите, но и врела бања за опуштање.
Феноменот на болки од растење, кои на лекарите сѐ уште не им е во целост јасен, погодува околу третина од децата на возраст од три до 12 години. Најчесто ги зафаќа предниот дел од потколеницата, колената и листовите.
Истражувањата покажале дека зголемената физичка активност дење може да резултира со почести симптоми на болки од растењето ноќе, па понекогаш се препорачува и почесто одморање.
Но болките од растењето не треба да им се припишуваат на други проблеми. Ако детето ноќе освен што има болки, и се поти, и му се појавуваат отоци, ако има треска, ако родителите забележат промени на кожата или ако губат на тежина, веројатно во заднината има и други причини затоа што станува збор за симптоми кои се сметаат за атипични за болките од растењето.
Родителите во такви случаи би требало да посетат лекар за да се исклучат другите болести како што се ревматизам или бактериски воспаленија.
Фото: Pixabey