Дали вашето бебе е смешко или намќор?

Каков карактер има вашето бебе и што зборува тоа за него? На возраст од 6 месеци карактерот на бебето е целосно формиран, во следните години следува „надградба“, но уште тогаш можете да предвидите какво ќе биде вашето бебе во иднина.

0
391

Научниците од Универзитетот во Филаделфија докажале дека карактерот на детето се формира уште во првата половина година од животот, но тој не останува непроменет, туку на него влијаат бројни фактори. Пред сѐ, важно е опкружувањето во кое детето живее. Ако опкружувањето е неповолно за развој на детската психа, со време и најхраброто дете може да стане повлечено и исплашено. Исто така, поволно  опкружување ќе го отвори и најголемиот срамежливко. Значи, обратете внимание на однесувањето на своето дете додека е сѐ уште мало. Не чекајте да помине време па дури тогаш да почнете со поправање на одредени облици на однесување. Секако, треба да се нагласи дека што и да правите, правете го тоа полека, ненаметливо и постепено. Во спротивно, повлечените деца ќе станат уште поповлечени, а немирните деца уште понемирни.

Каков може да биде карактерот и како да се препознае.

  1. Какво е сега?

Штом го ставите во креветче или во оградичка, веднаш се крева и ги подава рацете да го подигнете. Постојано в седи во скутот и се држи за вашата облека. Може да заспие само ако седите покрај креветчето и го држите за рачето. Штом се појави некоја друга непозната личност, трча кон вас за да побара прибежиште.

Какво ќе биде?

Погрешно се мисли дека овие бебиња се мамини галеничиња и дека никогаш нема да се одвојат од здолништето на мама. Тие се само многу претпазливи и не сакаат промени. Кога ќе пораснат тоа може да биде корисно, но и не мора. Учете го детето од мали нозе да биде посамостојно, но не со радикални потези. За почеток оставајте го бабата, дедото или некоја друга личност која му е драга. Не го оставајте на повеќе од пола час туку постепено продолжувајте го времето на раздвоеност. На почеток ќе се спротивставува, но со време ќе се прилагоди.

  1. Какво е сега

Повеќето мајки можат да бидат среќни ако имаат бебе кое функционира по принципот „каде ќе ме оставиш, тука ќе ме најдеш“. Таквото бебе е мирно, ретко плаче, среќно е и задоволно каде и да го оставите. Има добар апетит, не се спротивставува кога треба да спие, а и кога ќе се случи да се расплаче, доволно е само малку да го утешите и готова работа. Ваквото бебе од најрано детство покажува смиреност и не се впушта во ризични потфати.

Какво ќе биде?

Многу е веројатно дека такво и ќе остане и кога ќе порасне, но треба да се води сметка за тоа такво бебе да не се формира во личност која е спремна да ја прифати потешката страна од животот. Затоа од малечка треба да го охрабрите, да му пеете песнички, да го поттикнете да се обиде да работи нешто од што се плаши.

Исто така, купувајте му играчки кои бараат физичка активност и колку и да е во ваша моќ, активно учествувајте во сите игри. На тој начин ќе можете директно да влијаете на ангажираноста на детето, односно спречете го во тоа само да стои од страна.

  1. Какво е сега?

Наспроти претходно опишаните бебиња, бебето истражувач никогаш не мирува. Во движење е од утро до мрак, спие многу малку, само толку колку да ги „наполни батериите“, а потоа сѐ од почеток. Кога му е здодевно, на сите бучно ќе им даде на знаење дека ваквото бебе мора постојано да предизвикува. Во состојба е илјада пати да ја фрли играчката за да провери дали секој пат ќе падне. Исто така, секој пат ќе бара таа играчка да му ја кренете од подот. Што се однесува до физичкиот развој, ваквото бебе е прво во сѐ. Тоа почнува да седи на шест месеци, се превртува преку глава на седум месеци, а проодува уште на 11 месеци. Не прифаќа „не“ како одговор и секогаш знае точно што сака. Ваквите деца е тешко да се скротат, но не и невозможно.

Какво ќе биде?

Доволно е од најмали нозе да го учите што смее, а што не смее. Во спротивно, кога ќе порасне, би можел да има проблеми со почитувањето на општествените правила.

  1. Какво е сега?

Ова бебе постојано се смее, се кикоти и му ги подава рацете на сите кои сакаат да го земат во прегратки. Сака да биде во центарот на вниманието и бара да учествувате во секоја активност со која се занимава. Бебето шармер многу лесно се вклопува во сите средини, сака друштво и со воодушевување си игра со другите деца. Не е скржав, со задоволство ги споделува играчките и не поднесува самотија. Не го оставајте само и не очекувајте да си игра со играчки. Дури и ако му го наполните креветчето со играчки до врвот, тоа ќе оттурне сѐ и ќе го бара вниманието на луѓето.

Какво ќе биде?

Читајте му бајки, покажувајте му слики, гледајте заедно цртани филмови и пуштајте му музика. Само на тој начин бебето ќе биде среќно, а кога ќе порасне ќе имате некого кој секогаш ќе знае како да ве насмее

  1. Какво е сега

Ова е дефинитивно бебе кое уште во стомакот знаело што сака, а што не сака. Кога не сака да спие, можете да направите што сакате, нема да заспие. Ако не сака да го држите во раце, ќе плаче додека не го спуштите, а ако не е гладно, нема да јаде па дури и да му го понудите најомиленото јадење.

Какво ќе биде?

Добрата вест е што ваквите бебиња се менуваат драстично кога почнуваат да доаѓаат во контакт со други деца. Тогаш во нив се намалува личниот нагон, а се засилува социјалниот. Стануваат многу поумерени во своите желби и многу попогодни за „обликување“. Кај ваквите бебиња е важно родителот да има јасен и одлучен став од самиот почеток, затоа што ако бебето почувствува дека може да манипулира, ќе го прави тоа и кога ќе порасне.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]