Дали би сакале вашата мајка да присуствува на вашето породување?

„Дали сум само јас неразумна затоа што сакам да гледам како мојата ќерка ми ги раѓа внуците“? – прашува една жена на социјалните мрежи, огорчена затоа што нејзината ќерка не ѝ дозволила да присуствува на нејзиното породување.

0
129

На форумот за родители Mumsnet се поведе интересна расправа. Иницијална каписла за оваа расправа биле коментарите на жена која на социјалните мрежи се жали затоа што нејзината ќерка не ѝ дозволува да присуствува на нејзиното породување.

„Дали сум само јас неразумна затоа што сакам да гледам како мојата ќерка ми ги раѓа внуците“? – напишала таа.

Сите учесници се согласиле дека никој нема право да очекува да биде повикан да присуствува на породување. Сепак, некои мајки признале дека не би се чувствувале пријатно да поминуваат низ породувањето во присуство на своите родители, додека пак други, токму во своите мајки ја гледале својата најголема поддршка.

„Ја сакам својата мајка и имаме добар однос, но таа е последната личност која би сакала да биде покрај мене во текот на породувањето. Тоа е искуство за мене, за мојот сопруг и за никој друг. Во ред е ако некој ја сака мајка си покрај себе, но никој нема право да очекува да присуствува на породувањето“, напишала една жена.

„Мојата мајка беше покрај мене на двете мои породувања затоа што јас го побарав тоа од неа. Ми беше поддршка и ме тешеше. Но беше таму затоа што јас сакав а не затоа што таа очекувала да биде викната“, вели друга.

„Кога беше трудна, мојата ќерка ми пријде и ми кажа дека повеќе би сакала со неа на породувањето да биде нејзиниот сопруг. Се насмеав и ѝ реков дека јас и не сакам да бидам таму, туку дека таму треба да биде само тој што ја довел во таа состојба (J) и дека тие двајца треба заедно да поминат низ ова. Секако, ако ме викнеше, ќе одев и ќе бев покрај неа, но не очекував повик ниту пак сметав дека е должна да го направи тоа“, вели друга членка на форумот.

Неколку од нив се согласиле дека се изненадени затоа што некоја мајка се лути зашто не била викната на породувањето на својата ќерка и ја нарекле оваа ситуација бизарна.

Што мислите вие за ова, дали би сакале со вас на породувањето да биде вашата мајка?

[better-ads type='banner' banner='999' ]