Дали безжичните уреди се опасни за здравјето на децата?

Денес, децата почесто си играат со таблети, разни мобилни конзоли и паметни телефони отколку со играчки наменети за нив. Дали некогаш сте се запрашале колку се штетни овие безжични уреди за здравјето на вашите деца?

0
287

Играњето на таблети и паметни телефони можат да бидат спас во разни ситуации, а веројатно и во ова време на корона, добро ви дојдоа, но не можеме да не се запрашаме дали брановите што ги испуштаат ваквите уреди можат да бидат штетни за нашите деца.

Мобилните уреди користат радио бранови, форма на електромагнетно зрачење, за да функционираат. Иако радиофреквенцијата е прилично слаба и долго време се сметаше за безбедна, постојат докази дека сепак може да има штетен ефект врз здравјето на луѓето. Исто така, различни студии потврдија дека може да биде и канцерогена.

Најголемата, потенцијална опасност, секако, ја имаат мобилните телефони затоа што ние секогаш ги држиме многу блиску до мозокот кога зборуваме по телефон, а децата се уште почувствителни на радиофреквенциите затоа што нивните тела сè уште се развиваат. Децата имаат малку потенок череп, такашто зрачењето минува многу подлабоко отколку кај возрасните. Кога детето разговара по телефон, тоа апсорбира до десет пати повеќе РФ отколку возрасно лице, и тоа е навистина застрашувачки податок.

Бидејќи живееме во дигитална ера, многу е тешко целосно да се откажеме од сите мобилни уреди. Она што можете да направите е да ги следите нашите совети и да ја направите употребата на мобилните уреди побезбедна за децата.

Поставете го телефонот на профил на летање. Пред да му дадете на вашето дете мобилен телефон, префрлете го на „профил на летање“ за да не е поврзан на Интернет. Во спротивно, антената ќе комуницира со најблиската антена или Wi-Fi точка и ќе прима РФ. Ако вашето дете сака да гледа некој цртан филм, симнете го на уредот за да може да го гледа без интернет.

Практикувајте безбедно зборување. Ако некој сака да разговара со детето преку телефон, тогаш потрудете се детето секогаш да користи слушалки и да не го става телефонот на уво.

Не дозволувајте детето да го држи лаптопот во скутот. Секогаш е побезбедно лаптопот да стои на маса или на посебен држач, важно е само да не е во директен контакт со телото, особено ако е поврзан на интернет. На овој начин, детето е помалку изложено на радијација.

Не му купувајте на вашето дете телефон премногу рано. Ако не купите мобилен телефон за вашите деца барем до 12-годишна возраст, ќе ја намалите изложеноста на зрачење во најкритичните години, и затоа не брзајте со купувањето, без оглед на тоа дали сите други веќе имаат телефони.

Преместете го рутерот. Интернет модемот треба да се наоѓа најмалку 20 сантиметри од просторијата кадешто семејството поминува најмногу време. Ако рутерот е близу до компјутерот на кој децата ја работат својата домашна задача, тогаш спуштете го на подот или преместете го ако е можно. Исто така е многу важно да го исклучите рутерот кога не користите интернет.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]