Дали бабите и дедовците ги дебелеат децата?

Некои баби и дедовци ги принудуваат внуците да јадат поголеми и почести оброци, и честопати им нудат слатки и пржена храна како начин на искажување на својата љубов“.

0
166

Децата што ги чуваат бабите и дедовците се изложени на 30 проценти поголем ризик од развој на дебелина, покажала студијата објавена неодамна во списанието Childhood Obesity. Авторите на истражувањето, научниците од Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис, дошле до овој заклучок откако анализирале 23 студии спроведени во САД и осум други земји (од Велика Британија до Кина и Јапонија). Главниот автор на истражувањето, доцент Руопенг Ан, коментира дека најмногу бил изненаден од резултатите затоа што, без оглед на различните култури, бабите и дедовците во сите земји се подеднакво „слаби“ на своите внуци.

И сите тие, се разбира, сакаат да ги задоволат своите внуци онака како што најдобро знаат, а еден од начините е да ги задоволат со сè што нивните внуци сакаат да јадат. Научниците се свесни дека бабите и дедовците го прават тоа со најдобри намерите, без да размислуваат за последиците што вклучуваат лоши навики во исхраната, физичка неактивност и лоша перцепција за здрав начин на живот.

„Некои баби и дедовци ги принудуваат внуците да јадат поголеми и почести оброци, а честопати им нудат слатки и пржена храна како начин да им ја искажат својата љубов“, вели Ан, додавајќи дека во некои култури тие ги ослободуваат внуците од домашните работи како знак на нивната љубов, што е исто така еден од облиците на физичка активност.
Ан предупредува дека таквиот став кон храната на постарите генерации ги има своите корени во нивната младост.

„Многу баби и дедовци доживеаа сиромаштија како деца, па да можат да ги пренесат тие трауми и на внуците, кои, за разлика од нив, се борат со прекумерни порции храна“, вели Ан.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]