Секогаш треба да ги поддржувате вашите деца и нивните природни таленти. И ако ги негувате, ќе се случат големи работи. Тоа е она што родителите на 9-годишниот Џо Вејл мислеле кога го охрабрувале нивниот син да продолжи да црта, иако тој се нашол во неволја поради цртањето за време на часовите.
Тие го испратиле Џо на часови по цртање по училиште и неговите уметнички способности брзо ги забележале оние околу него. Всушност, тој бил поканет да ја украси трпезаријата на ресторанот ‘Number 4’ во Шрусбери, Англија. Сега, Џо е познат како The Doodle Boy и има своја веб-страница, како и страници на социјалните мрежи кои ја покажуваат неговата прекрасна уметност.
Кога нивните деца се соочуваат со проблеми за нешто на училиште, некои родители имаат тенденција да го спречат таквото однесување. Сепак, некои знаат како да препознаат талент на кој му е потребен креативен простор за да процвета, па им го даваат она што им е потребно.
Родителите на Џо го испратиле на час по цртање после часовите на училиште. Неговиот наставник ја сакал неговата уметност и ја споделил на Инстаграм.
Цртежите на овој 9-годишник веднаш биле забележани од вработените во ресторанот ‘Number 4’, кои го замолиле да дојде и да ги украси sидовите со неговите цртежи. Сега, неговиот татко го вози таму после часови. Кој знаеше дека цртањето на час ќе направи Џо да ја добие својата прва работа на 9-годишна возраст?
„Кога кажаа дека сакаат Џо да ги исцрта ѕидовите во нивниот ресторан, и тоа во нивната главна сала за јадење, ние бевме на Месечината“, изјавил Грег, таткото на Џо за медиумите.
„Го прашав Џо и тој, се разбира, ја прифати шансата и одевме таму после училиште и тој по неколку часа поминува ставајќи ја својата креативност на нивниот ѕид“.
Сега Џо е познат како The Doodle Boy и има своја веб-страница, како и профили на социјалните медиуми
Според Self-Sufficient Kids, е неверојатно важно да се прифатат какви било таленти, амбиции, цели, соништа и желби што може да ги имаат вашите деца. Дури и ако тие не се поклопуваат со вашата визија за нивната иднина.
Фото: Грег Вејл