Гответе паметно за да можат вашите деца да добијат нутритивно корисна храна

Приготвувањето на јадења, посебно термичката обработка, може да ги уништи витамините и хранливоста на јадењата. Како да се готви паметно?

0
186

08Разновидната и балансирана исхрана е важна за добриот раст и развој на детето. Во тој смисол знаеме дека во исхраната на децата мора да вклучиме и многу витамини кои се наоѓаат пред сѐ, во овошјето и зеленчукот. Но, потешкотиите со витамините се такви што тие, со неправилно чување и термичка обработка на намирниците (зеленчукот) лесно се губат и се уништуваат, а тоа ја осиромашува вредноста на храната.

Следните совети ќе помогнат за зачувување на витамините:

Зеленчукот мијте го во проточна вода за да се зачува витаминот Ц кој се разградува во водата.

Зеленчукот пржете го на малку масло во загреана тава или вок.

Посолете го после пржењето со што ќе ги задржите соковите.

Варењето на зеленчукот мора да биде кратко и по можност на пареа. Зеленчукот сечете го на поали парчиња за да изгуби што помалку витамини и ставајте го да се вари во зовриена вода. Краткото варење ќе ги зачува витамините кои се уништуваат на висока температура.

Жолтиот и портокаловиот зеленчук, како морковите, пиперките, исто така гответе ги кратко на пареа или во полупокриено тенџере. Во спротивно, каротенот кој се наоѓа во тој зеленчук, воедно заслужeн за неговата боја, оди во водата. Водата прима црвеникава боја, а зеленчукот останува блед и помалку хранлив.

На децата овој зеленчук задолжително пропржете им го на малку масло или во варениот зеленчук додадете маснотии затоа што каротенот на тој начин подобро се апсорбира во организмот. (Исхраната на дете до 5 години генерално мора да содржи полномасни намирници такашто зеленчукот е најдбро да го приготвувате со полномасни млечни производи, необрано млеко и сирење).

Компирите, спанаќот и печурките не е добро повторно да се загреваат затоа што на тој начин во јадењето се создаваат штетни материи. Секогаш планирајте тие јадења да се јадат свежи.

Зеленчукот чувајте го во фрижидер 3-4 дена во херметичкизатворен сад или во пластична кеса и на тој начин зачувајте ја неговата свежина.

Фото: Pixabey

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]