Во најновата студија што ја објави студио Miner & Co учествувале 800 родители чии деца повеќе сакаат да користат таблети и други уреди отколку да гледаат телевизија и поставувани им се прашања врзани за времето кое нивното дете го минува пред екраните. Докажано е дека децата во чии куќи покрај телевизорот постојат и други мобилни уреди повеќе сакаат да користат таблети, телефони или компјутери, но она што особено го привлекло вниманието на истражувачите е следната изјава.
Речиси секој втор родител изјавил дека во моментите кога детето ќе заслужи казна, тие им го одземаат таблетот, но му дозволуваат наместо тоа да гледаат телевизија. Во тие семејства гледањето телевизија се доживува како казна.
Останатите податоци не се толку шокантни како овој, а го зборуваат следното: во дури 58 отсто од овие семејства детето поседува сопствен таблет, а 56 отсто родители потврдиле дека не е невообичаено детето истовремено да користи повеќе уреди, додека 41 отсто од родителите изјавиле дека нивното дете попрво би одбрало таблет отколку колаче.
Во денешно време е сосема нормално и децата да ја следат модерната технологија и сосема очекувано е дека секогаш попрво ќе одберат таблет отколку телевизор, но ќе признаете дека да се казнуваат децата такашто ќе им дозволите да гледаат телевизија, не е баш најсреќна опција.
Колку и да го потенцираат тие тоа, бидете уверени дека преоѓањето од таблет на телевизор не им паѓа толку тешко и сигурно не е доволно ефикасна казна. Децата секогаш ќе ги сакаат екраните и тоа не треба толку да ве загрижува, но ако веќе заслужено ги казнувате, тогаш укинете им ги сите технологии и оние модерните и оние нешто постарите.